Злестински манастир
Поглед на новоизградената манастирска црква, заедно со урнатините на средновековната црква | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Богородица“ - Злести |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Пресвета Богородица |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Цркви | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Место | |
Место | с. Злести, Општина Дебрца Македонија |
Координати | 41°17′01″N 20°48′52″E / 41.28361° СГШ; 20.81444° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Белчишка парохија) |
Злестински манастир — новоизграден манастир во близина на селото Злести, во областа Дебрца. Манастирот е подигнат покрај археолошкото наоѓалиште Св. Богородица Пречиста, каде е откриена средновековна црква на темели од старохристијанска базилика, за која се верува дека била изградена во времето на светите Климент и Наум.[1]
Градби во манастирот[уреди | уреди извор]
Во рамките на манастирот се наоѓаат манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“, камбанаријата, конаците, како и значајното археолошко наоѓалиште Св. Богородица Пречиста, по кого е именувана и новоизградената црква, со што со изградбата на манастирот се продолжила низата на постоење на христијански храмови на ридот над селото Злести.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“[уреди | уреди извор]
Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Црквата започнала да се гради во 2000 година по проект на Драган Танески. Целосно била завршена во 2009 година, кога била осветена од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2]
„Св. Богородица Пречиста[уреди | уреди извор]
Св. Богородица Пречиста (понекогаш спомнувано и како Раштани) претставува старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола, чиишто остатоци и рушевини од ѕидините се наоѓаат во наоѓалиштето „Раштани“, во непосредна близина на селото Злести, 30 километри северно од градот Охрид.[3]
Средновековната црква во наоѓалиштето изградена на темели на старохристијанска базилика се верува дека била подигната за време на животот и делото на светите Климент и Наум.[4]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Помошен објект крај црквата „Рождество на Пресвета Богородица“
-
Новите конаци во манастирскиот двор
-
Камбанаријата во манастирот
-
Камбанаријата во манастирот, заедно со остатоци на средновековната црква
-
Поглед на главната манастирска црква
-
Дел од остатоците на наоѓалиштето Раштани
-
Поглед на камбанаријата
-
Поглед на манастирските конаци
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Архитектура“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 116. Text "series " ignored (help)
- ↑ „ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВАТА „РАЃАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА" – С. ЗЛЕСТИ, ДЕБРЦА, ОХРИДСКО“. Дебарско-кичевска епархија. 4 август 2009. Посетено на 28 август 2016.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Т., О. (5 октомври 2013). „Фрескоживописот, сакралната и рурална архитектура и селските слави и обичаи во Дебрца“. OhridNews.com. Охрид. Посетено на 27 август 2016.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Злестински манастир на Ризницата ?