Седмочисленици, 7 учители кои на Словените ја донеле глаголицата и кирилицата. Од лево: Св Наум, Св Климент, Св Сава, Св Методиј, Св Ангелариј, Св Кирил и Св Горазд. Фреската е дел од нартексот во манастирот Св. Наум, Македонија. 1806 година.
Се смета дека бил Моравец кој одлично го знаел словенскиот и латинскиот јазик. За неговата висока наобразба и способност, сведочат „Панонските легенди“. Припаѓа на групата на таканаречени Седмочисленици, во којашто покрај солунските браќа влегуваат и светите Климент, Наум, Горазд, Ангелариј и Сава.[4] Пред да почине Методиј го определил Горазд за свој наследник. Неговата дејност по пргоноството од Моравија не е доволно позната.[2]