Тој е еден од најблиските ученици на словенските првоучители и просветители светите Кирил и Методиј. Припаѓа на групата на таканаречени Седмочисленици, во којашто покрај солунските браќа влегуваат и светите Климент, Наум, Горазд, Ангелариј и Сава. Учествувал во Моравската мисија. По смртта на Методија (885 година) бил прогонуван од латинските свештеници и протеран од Моравија. Дошол на бугарскиот двор во Плиска, каде што набрзо потоа починал.[2]