Victoria Arms

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пабот „Victoria Arms“ на реката Шервел, северно од Марстон Фери патот.

Victoria Arms (кирилично: Викторија Армс; месно позната како Vicky Arms и порано како „Ferry Inn“) ― паб на источниот брег на реката Шервел на крајот од Мил Лејн близу до Олд Марстон, североисточно од Оксфорд, Англија.[1]

Тука некогаш постоел брод (плиток речен премин) низ Шервел, кој се користел уште од 12 век. Гостилница првично била изградена во текот на 17 век, а потоа била повторно изградена во 1840 година.[2] Гостилницата била затворена во 1958 година и била купена од Оксфордското конзерваторско доверителство во 1961 година. Новинарите Фред и Руби Елкинс ги презеле зградите и управувале со пабот како „Слободна куќа“. За тоа време тие додале доградби на старите градби. Тие, исто така, раководеле со малата дрвена линија-траект преку Шервел многу години пред да се отвори пат. Подоцна бил изнајмен на пиварницата „Wadworth's“, обновенa и повторно отворена во 1986 година.

Пабот го посетуваат луѓе кои пловат во текот на летото.[3]. Тука постоела траектна линија преку реката сè до 1971 година, кога бил изграден патот Марстон Фери на југ.[2]

„Victoria Arms“ се појавила во телевизиската серија „Инспектор Морс“ неколку пати. Најзначајно е тоа што Морс во последната епизода од серијата рецитирал дел од поемата на Алфред Хаусман, „Колку јасно, колку пријатно светло“, овде во последната епизода на серијата.[4] Пасус од поемата била искористена за насловот на епизодата „Денот на каење“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Victoria Arms“. TripAdvisor. Посетено на 28 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 Hibbert, Christopher, уред. (1988). „Victoria Arms“. The Encyclopaedia of Oxford. Macmillan Publishers. стр. 483. ISBN 0-333-39917-X.
  3. „The Victoria Arms“. Daily Information, Oxford. Посетено на 28 јануари 2021.
  4. „The ReMORSEful Day: Victoria Arms Marston“. Inspector Morse Locations Oxford City. Archive.org/Squidoo. 2010. Архивирано од изворникот на 2010-11-12. Посетено на 28 јануари 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]