SunWireless

Од Википедија — слободната енциклопедија

SunWireless е водечки услужник на безжичен интернет во Република Македонија со седиште во Скопје. SunWireless е присутен во 14 градови низ републиката со повеќе од 550 хотспотови.Компанијата ексклузивно со Wi-Fi ги обезбедува аеродромите во Скопје и Охрид, најголемите македонски хотели, сите студентски домови, автобусите на ЈСП-Скопје, главната автобуска станица во Скопје, кафе-барови, ресторани и др.

Формирање[уреди | уреди извор]

Самите почетоци на компанијата датираат од 1999 година кога почна да работи под името Аниц-Системи.Компанијата започна со понуда на услуги за веб-дизајн и софтверско програмирање за корисници на македонскиот пазар и за многу брзо време ги прошири своите дејности и обем на работа во регионот и пошироко. Со самиот раст на компанијата се зголемуваше и портфолиото на услуги, односно компанијата започна да дизајнира и имплементира проекти од областа на системска интеграција и мрежни инфраструктури.

Во 2007 година компанијата го насочи своето работење во областа на безжични мрежни комуникации и реализираше успешен пилот-проект. Овој успех овозможи поддршка и средства за имплементирање на сопствена безжична мрежа, односно потребна инфраструктура за станување на национален оператор за безжични телекомуникации.

Брендот SunWireless[уреди | уреди извор]

Комерцијалните активности како оператор под сегашниот бренд SunWireless започнаа во септември 2008 година a во моментов ја прошируваaт својата мрежа во сите поголеми градови во Македонија. Седиштето на компанијата е во Скопје, а со свои канцеларии е застапена и во Струмица,Кавадарци, Струга и Тетово,

Партнери[уреди | уреди извор]

SunWireless соработува со повеќе домашни и странски оператори. На почетокот од Maj 2012 година, SunWireless стана ексклузивен соработник на подрачјето на Р Македонија на два од најголемите светски оператори за безжичен интернет во светот - Boingo и iPass.

Услуги[уреди | уреди извор]

Во својата понуда SunWireless вклучува повеќе при-пејд Архивирано на 23 мај 2013 г. и пост-пејд Архивирано на 23 мај 2013 г. можности дизајнирани спрема различните потреби на клиентите. Исто така, прв на пазарот SunWireless понуди и услуги за таргетирано огласување на хотспотови, преку својата услуга HotZone Advertising.

Мапа на покриеност[уреди | уреди извор]

SunWireless во Македонија е присутен во следниве општини: Скопје, Струмица, Кавадарци, Тетово, Струга, Охрид, Битола, Неготино, Вевчани, Прилеп, Куманово, Кочани,Штип и Крушево. Мапата на хотспотови Архивирано на 23 мај 2013 г. може да се прегледа на компанискиот мрежно место.

Продажни места[уреди | уреди извор]

Услугите на SunWireless се достапни за корисниците на повеќе продажни места ширум Македонија преку малопродажната мрежа Архивирано на 23 мај 2013 г. или online на компаниското мрежно место Архивирано на 23 мај 2013 г..

Планови за развој[уреди | уреди извор]

Плановите за развојот на компанијата вклучуваат вложувања во развој на мрежата и воведување на нови услуги и решенија. Компанијата покрај целосното покривање на сите градови низ Македонија, најавува и влегување во повеќе соседни пазари.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]