Sears

Од Википедија — слободната енциклопедија
Sears, Roebuck and Co.
ISINUS8123501061 Уреди на Википодатоците
ДејностМалопродажба
ОснованоChicago, Illinois, САД (1886)
ОсновачAlvah Curtis Roebuck
Richard Warren Sears Уреди на Википодатоците
СедиштеHoffman Estates, Illinois, U.S.
ПроизводиОблека, обувки, постелнина, мебел, накит, козметика, апарати, куќни производи, алатки, и електроника.
Доход$23.6 Милијарди
Матично претпријатие
Sears Holdings Corporation Уреди на Википодатоците
Мреж. местоwww.sears.com
Сетрификат на Sears (Сирс), Roebuck and Co. од 1976

'Sears,Roebuck and Co. (македонски:Сирс) е основана од страна на Ричард Ворен Серас и Алвах Роубак во XIX век. Во почетокот 'Sears,Roebuck and Co. е била компонента на Dow Jones Industrial Average, додека во 2005 година се спојува со Kmart создавајќи ја Sears Holdings Corporation.

Во почетоците започнува со продажба преку каталози со што во XX век во САД ја постинува позицијата најголема компанија за малопродажба. Конкурнецијата и промените во демографијата на основа на потрошувачите предизвика компнијата по Втората светска војна да ги зголеми продажбите.

Историја[уреди | уреди извор]

Надворешен изглед на Sears Merchandise Building Tower.

Ричард Ворен Сирс започнува како агент во железничката станица во Северен Редвуд, Минесота каде што ја добива испораката на рачни часовници од златар од Чикаго кои не биле сакани од самиот златар со што тој добива идеја да ги продава преку нивниот каталог. Следната година тој се преселува во Чикаго Илиноис каде што се сретнува со Алвах Б.Роебук и му се придружува во бизнисот. Во 1893 година се оснвоа фирма под иметето Sears, Roebuck and Co.

Каталог[уреди | уреди извор]

Ричард Сирс знаејќи дека земојделците кои често доаѓаат во нивниот град за продажба на нивните земојоделски култури можат лесно да бидат продадени и испорачани, со што каталогот на Сирс ги вклучува земјоделските култури во кој е добро објаснето што се продава и по каква цена, и така бизнисот брзо нараснува. Првиот Сирс каталог е објавен во 1888 година. Од 1894 година каталогот на Сеарс нараснува на 322 страници во кои се вклучени машини за шиење, велосипеди, спортска опрема, автомобили и многу други артикли. Наследни на Империјата Сирс е неговата ќерка Сирс Ана која била застрелана во градите на возраст од 16 години од страна на нејзиното момче.

Во 1895 година Јулиј Розенвалт кој е производител на облека станува дел од фирмата Сирс. Алвах Роебук поради влошена здравствена состојба морал да ја напушти компанијата но и понатаму името на компанијата останало непроменето. Од следната година во каталогот биле вклучени фрижидери, печки и кукли.

An abandoned building featuring old Sears signage.

Компанијата Sears, Roebuck and Co. наскоро се здобива со репутација за добар кавалитет на понудени производи со кој се здобива со многубројни задоволни клиенти. Во 1895 година каталогот достигнува до 532 страници, и голем асортиман на арткли кои во тоа време биле тешко достапни за луѓето. Во 1893 година достигнува продажба од 400.000 долари две години подоцна ги надминува 750.000 долари. Во 1906 година Сирс во својот каталог вметнува стоки за големите фабрики, и од тогаш Сеарс каталогот стнаува познат во индустријата како „ библија за потрошувачи“. Во 1933 година Sears, Roebuck and Co. го произведува првиот Божиќен каталог кој го носи името „ Книга на желбите“. Алвах Роебук се врајка во организацијата за време на големата депресија и работи како пордпарол до неговата смрт во 1948 година. Дел од причината за напуштање на Роебук од Сирс во 1895 е тоа што фирмата ја довел во криза, и неговата работа продолжува но е многу пократка заразлика од Сирс. Во 1970 година името Роебук се брише целсно од сите трговски продавници.

Продавници[уреди | уреди извор]

Првата мала продваница на Сирс е отворена во Чикаго на 2 февруари 1925 година во зградата на компанијата Homan Avenue и Arthington Street. Првата самостојна продавница на мало е отворна на 5 октомври 1925 година во Евансвил Индиана. Во текот на летото на 1928 година се отовени уште три стоковни куќи во Чикаго од кои, едната е на северната страна на Лоресн и Винчестер, вотра на јужната страна на 79-та и Кенвуд и тртиот на 62-та и западна. Во 1929 година ја презема стоковната куќа Беќер на бизнис компанијата Рајан. Во 1933 година Сирс го променува старот дизјна на Беќер комнијата Рајан-продавнница во Енгелвуд и е направена првата стоковна куќа без прозорци, испирацијата доаѓа од Светскиот саем во 1932 година кој се одржал во Чикаго. По Втората светска војна, компанијата изградува многу стоковни куќи во самите трговски центри. Компанијата до почетокот на 1980 година е најголема по малопродажба во САД но значително опадна со спојувањето со Kmart.

Диверзификација[уреди | уреди извор]

Во 1930 година Сирс почнува да се шири, додавајќи осигурителна компанија Allstate во 1931 година и пласирање на истат во своите продавници во 1934 година. Во фирмата влегуваат познатите национални брндови како што се Kenmore, Craftsmnan, Diehard, Silvertone и Toughskins. Компанијата стана конгомерат во средината на XX век додавајќи Dean Witter и Coldwell Banker недвижен имот во 1981 година почнувајќи со Prodigy како и со заедничко вложување со IBM во 1984 година, како и воведување на Discover Credit Card во 1985 година. Во март 2009 година Сирс го купува социjалниот пребарувач Delber.

Затворање и отворање на SEARS GRAND[уреди | уреди извор]

Во 1990 година компанија започнува со затаварње на малите субјекти кои беа товар на компанијата. Во 1993 година го запира производството на нејзинот каталог поради намалената продажба и профит. Во 2007 година се враќа со помала верзија на каталогот „Книга на желбите“. Во 2003 година Сирс го продава својот производ мала крдитна картика на Ситибанк. Останатите крдитни карти беа продадени на JPMorgan Chase & Co во август 2005 година. Во 2003 година Сирс отвора нов концепт магацини брендирани под името Сирс Гранд. Сирс Гранд продавниците нудат се што има Сирс плус здравје и убавина, играчки, бебешка нега, храна за миленичиња, книги, списанија, музика, филмови и др. Сирс Гранд магацините се околу 175.000 до 225.000 метри квадратни. Првиот Сирс Гранд магазин се отвори во Западен Јордан, Јута во 2003 година со 225.000 метри квадратни.

Обединување со Kmart[уреди | уреди извор]

На 17 ноември 2004, Kmart ги објавува своите намери за купување на Сирс. Како дел од спојувањенто на двете компании Kmart Holding Corporation го менува своето име во Sears Holdings Corporation. Новата корпорација најави дека ќе продолжат да работат продавниците и под Сирс и Kmart брендови. Во 2005 година компанијата почнува реновирање на Kmart продавниците и претворање на Sears Essentials формат, само за подоцна да ги промени во Сирс Гранд.

SEARS како фонд[уреди | уреди извор]

Се шпекулира дек Сирс е повеќе заинтересиран за купување надвор од Kmart, и идејата дека инвеститорот Едвард Ламберт е заинтересиран да стане инвеститорска компанија повеќе од трговците на мало. Во Вашингтон пост на 11 март 2007 година се споменуваат Safeway, Home Depot и Anheuser-Busch и се опишува фримата Сирс како фонд со пари кои се пренасочени од одржување и подобрување на продавници во нефинасиски инвестиции. Во 2006 година поранешниот изврашител вели дека компанијата се сооучува со несигурна иднина. ДРУШТВА (пред спојување со Kmart)

Сегашни[уреди | уреди извор]

Сирс универзална стоковна куќа е ланец на Mid-Range кои се распоредени во трговски центри за облека, накит, домаќинства, хардвер, тревник и градина, спортска опрема, поправка на автомобили, електорника и др. Постојта 926 големи серас продавници во САД. Најголемата серас универзална токовна куќа се наоѓа во Торонто Итон Центар.

Сирс хардвер продавница е ланец на мали хрдверски продавници кои се наоѓаат во мали градови кои се далеку од големите Сирс стоковни куќи. Во нив има комплетна линија на алатки, елетрични жици, болери, косилки, термостати, боиитн.

Сирс Гранд е ланец на стоковни куќи кој се наоѓа далеку од трговските центри. Тие поседуваат комплетна линија на преизводи за здрваје и убавина, играчки, бебешка нега, средстава за чистење, храна за миленичиња, книги, списанија, музика, филмови кои е ограничено главно на сува стока. Сирс Гранд продавниците се движат од 165.000 до 210.000 квадратни метри.

Сирс Essentials е ланец на стоковни куќи кои се претворени од постојаните Kmart продавници. Нивните производини линии се слични со оние на серас Гранд.

Уред и Храдвер Сирс, Сирс храдвер е ланец на продавници хардвер кои се простираат на 40.000 квадратни метри во целата земја.

Сирс МАНУ е еден ланец на затворен центар кој ги нуди истите производи и услуги како обичните Сеарс продавници.

Сирс мали градски продавници или уште познато како овластен дилер на мало кое е дел од Sears Holdings Corporation. Продавниците се наоѓаат далеку од трговските центри и ѓи задоволуват потребите на потрошувачите во лакалните заедници во САД и ПОРТОРИКО.

Сирс outlet се продавници сместени во мали локации во САД во кои стоката се продава со намалување од 20 до 60% попуст од редовната цена.

Сирс делови и Сервис центар е ланец на услужни центри кои обично прдава делови за грдинарство и опрема и апарати кои исто така нудат услуга сервис на истите делови.

The Great Indoors е ланец на продавници кои се простираат на 130.000 метри квадратни и нудат повеќе артикли за уредување на домот.

А и Е Фабрика сервис е најново име на Сирс кои нуди услуги за поправка сервисрање на поголеми предмети како што се домашни апарати, електроника и градинарска опрема. А и Е брендот е купен од Монгомери Ворд и е мрежа на мобилна служба до секој дом.

Поранешни[уреди | уреди извор]

Сирс брен централа беше електронска продавница. Електронските одделенија во Сирс сега се познати и од внатре како брен централа иако тие не се продаваат на потрошувачите како такви со исклучок на некои локации во Порторико.

Сирс каталог продажба на мало-локација мали градови. Овие продавници биле мошне мали па дури помлаи отколку Сирс дилерските продавници. Овие дуќани беа затворени во 1993 година.

Сирс овластени преодажни салони со кателог.

Сирс продавници за уреди беа мали продавници што покажуваа и продаваа апарати, теписи итн.

Сирс рента кар, е фирма за изнајмување на автомобили која беше продадена во 2002 година на Avis.

Сирс Home Life беше ланец на продавници во сопственост на Сеарс. Овие продавници се затворени во 2001 година.

Сирс соседство бил сличен на ланец продавници Сеарс за мала продажба освен дека овие продавници биле сместени во урбани пазари, затворени се во 2000 година.

Sears Essentials logo

Минати и сегашни брендови[уреди | уреди извор]

Allstate- автомобилски делови и осигурување

Celestial Star- Диамнти и накит

Cheryl Tiegs- облека

Coldspot- уреди

Companion- алат

Congueror Records

Craftsman- алатки

Craftsman Professional- почеток на линијата Сирс алатки

Dashmate- автомбилски радио приемници и Сирс алатки

David Bradley- техника

DieHard- батерии

Dunlap- економска линија за алатки

Easy Living- внатрешни бои, грундирање и сликарски додатоци

Economy- машина за шиенње, бензиски мотори, голем избор на фармесрка опрема и др.

Gold Bond- машки и детски оувки

Harmony House- внатрешно декорирање

Hearthside- теписи

Hecules- работна облека, апарати, осигурувања, јакни и др.

Homart- системи за грење и ладење, водо снабдување, електрични материјали и градежни материјали

JC Higgins- спортска опрема

Kenmore- уреди

Penske- автомобилски алатки за тестирање

Permanex- полиетиленкси алатки за чување на кутии

Pilgrim- облека

Roebuck- облека

Sears Brand- разни елементи од сите одделенија

Silvertone- стерео системи, телевизори, музички инструменти

Silvertone records

Ted Williams Brand- спортска опрема

Tower- фото материјали, фото апарати, канцеларсика опрема

Weatherbeater- надворешно боја, грундови и аксесоари

Наводи[уреди | уреди извор]