New (C++ оператор)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
New е оператор во C++ програмскиот јазик, кој овозможува доделување на динамичка меморија во купот. Исклучок е таканаречената форма „placement new“, која овозможува да се додели меморија на купот за нови податоци и ако е успешно доделувањето ја враќа адресата на новата доделена меморија.
Синтакса [уреди]
Синтаксата за овој оператор е :
-
p_var = new typename;
Каде p_var е претходно објавен покажувач од типот на typename. Тypename може да биде кој било тип на основен податок или пак објект дефиниран од корисникот (enum, class и struct). Ако typename е од типот класа тогаш основниот конструктор е повикан да го изгради објектот.
Да се инсталира нова променлива со операторот new треба де се користи следнава синтакса:
-
p_var = new type(initializer);
Каде што initializer е почетната вредност доделена на новата променлива, или ако е од типот класа е аргументот на конструкторот.
New истотака може да создаде и низа:
-
p_var = new type [size];
Во овој случај size ја одредува должината на еднодимензионалната низа која сакаме да ја креираме. Адресата на првиот елемент е вратена и зачувана во p_var, па
-
p_var[n]
ја дава вредноста на n-тиот елемент (почнувајќи од нула).