IPX/SPX

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

IPX/SPX е кратенка од Internetwork Packet Exchange/Sequenced Packet Exchange или Меѓумрежна размена на пакети / Секвенцна размена на пакети. IPX и SPX се мрежни протоколи кои се користат најчесто на мрежи кои користат Novell NetWare оперативни системи.

Слоеви на протоколот[уреди]

IPX и SPX се изведени од IDP протоколот на Xerox Network Systems и SPP протоколите соодветно. IPX е протокол од мрежен слој (слој 3 од OSI модел), додека SPX е протокол од транспортен слој (слој 4 од OSI модел). SPX слојот е над IPX и овозможува сервиси кои се ориентирани на воспоставување врска помеѓу две точки во мрежата. SPX се користи најчесто во клиент/сервер апликации.

IPX и SPX имаат сервиси за поставување врска слични на TCP/IP, со IPX протоколот кој е сличен на IP, и SPX кој е сличен на TCP. IPX/SPX е примарно дизајниран за локални мрежи (LAN) и е многу ефикасен протокол за оваа цел (во типични случаи перформансите се подобри од оние на TCP/IP во локална мрежа). TCP/IP пак е стандарден протокол во денешницата, тоа се должи на супериорната перформанса преку широко распространетите мрежи (WAN) и интернетот (којшто експлузивно користи TCP/IP).

И покрај поврзаноста на протоколот со NetWare, тој не е неопходен за NetWare комуникација (од верзијата NetWare 5.x), ниту експлузивно се користи на NetWare мрежите. NetWare комуникација бара NCP имплементација, којашто може да ги користи IPX/SPX, TCP/IP или и двете како транспорт.

Имплементации[уреди]

Novell е најодговорен за користење на IPX како популарен мрежен протокол поради нивната доминација во софтверскиот маркет со мрежните оперативни системи (со Novell Netware) од доцните 1980ти до средните 1990ти.

DOS[уреди]

Оригиналниот клиент NetWare на Novell е програмиран за DOS. Првичните верзии побарувале поврзан стек со протоколи, каде оделно извршна датотека би се креирало од администраторот на мрежата на секоја конфигурација на мрежна картица во мрежата. Ова извршна датотека би се стартувала при подигнување (бутирање) на системот па ќе остане во меморијата додека системот не се исклучи. Подоцнежните имплементации овозможувале мрежниот стек да се полни и празни динамично, користејќи веќе постоечки модули. Оваа можност многу го олеснила одржувањето на клиентските “станици” во мрежата. IPX/SPX беше стандард за мрежни игри од DOS ерата кои се играа со повеќе корисници. Трајноста на многу игри беше продолжена со “преку” тунелирачки програми како Kali и Kahn кои овозможуваа да се игра и на интернет наместо само во локална мрежа.

Windows[уреди]

Поради опстанокот на IPX/SPX протоколите во локалните мрежи во 1990ти, Микрософт додаде можност да се користат протоколите во мрежниот стек на Windows почнувајќи со Windows for Workgroups и Windows NT. Микрософт дури и ја именуваше неговата имплементација "NWLink", сакајќи да каже дека влучување на преносите од слојот 3/4 дозволува NetWare конекција. Всушност протоколите беа подржувани како основен транспорт за SMB/NetBIOS на Windows и NetWare конекцијата побаруваше додатна инсталација на NCP клиент (Микрософт овозможи основен NetWare клиент со Windows 95 и подоцнежни верзии, но не беше автоматски инсталиран, и на почетокот подржуваше само NetWare бинарен мод). NWLink сеуште беше овозможуван од Windows (заклучно со Windows 2003), но ниту е вклучен во ниту е подржан од Windows Vista. Се советува да не се употребува бидејќи неможе да се користи за вмрежување во Windows освен како транспорт за NetBIOS, којшто е заостанат. Воглавно, 32-битниот Windows клеинтски софтвер на Novell избегнува NWLink за алтернатива развивана од Novell, иако некои верзии дозволуваат користење на Микрософтовата IPX/SPX имплементација (со предупредувања за потенцијална некомпатиблиност).

Други[уреди]

За неколку години, Novell овозможуваше native NetWare клеинт за OS/2. Тој беше сличен по структура со клиентот за DOS. Novell исто така објави IPX клиент за Classic Mac OS кој се вика MacIPX. Овој протокол се користеше не само од Mac NetWare клиентот, туку исто така и од игри како Doom при мрежно играње. Имплементациите беа напишани за различни верзии на Unix/Linux, и од Novell и од други продавачи. Додека UnixWare можеше да се однесува како клиент до NetWare серверите, апликациите пак можеа по избор да го користат IPX/SPX како транспорт, UnixWare не ја дозволуваше можноста да се споделат датотеки и принтери во NetWare мрежа без додатни софтверски пакети. Open Enterprise Server - Linux не подржува IPX/SPX. Оперативниот FreeBSD кој е open source, вклучува IPX/SPX стек, со кој подржува и NetWare датетечен системски клиент, nwfs, и NetWare сервер користејќи Mars NWE . OpenBSD престана со подршка за верзијата 4.2, на 4.1 му требаше доработка за да се компајлира со IPX.

Наследство[уреди]

Искористеноста на IPX е намалена во подоцнежните години бидејќи распространетоста на интернетот го направи TCP/IP предоминантен. Првичниот обид на Novell да се подржи TCP/IP како клиентски протокол, именуван NetWare/IP, просто кажано ги "тунелираше" IPX од внатрешноста на IP пакетите, дозволувајќи на NetWare клиенти и сервери да комуницираат преку чисти TCP/IP мрежи. Сепак, поради комплексна имплементација и приметлива загуба во перформансите поради преоптеретување со тунелирањето, NetWare/IP е избегнувано освен кога се користи како механизам за да испрати IPX преку TCP/IP-само рутери и WAN линкови. Наследникот на NetWare, Open Enterprise Server, доаѓа во две варијанти: OES-NetWare и OES-Linux.

Види yште[уреди]

Референци[уреди]

  1. | ^ Win95 FAQ Part 12 of 14: MS-DOS Games top of question 12.9
  2. | ^ FreeBSD ports info on Mars NWE
  3. | ^ Freshports info on Mars NWE
  4. | ^ Novell's comments on Mars NWE
  5. | ^ OpenBSD 4.2 changes
  6. | ^ Removal of IPX from OpenBSD
  7. | ^ Berkeley Software Design (BSD): building kernel support with ipx fails