Hello World

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
GUI "Hello World" програм, напишан во Perl

"Hello World" (во превод "Здраво свету") е компјутерска програма која печати "Hello, world!" на излезниот медиум на некој уред. Се користи во многу воведни упатства за учење и демонстрација на некој програмски јазик. Тоа е еден од наједноставните програми што можат да се напише во некој програмски јазик.

Цел[уреди]

"Здраво свету" програмите се традиционално првите програми кои се учат во некој нов програмски јазик. Генерално, едноставни се за пишување и разбирање дури и за корисници кои немаат претходно искуство во компјутерско програмирање, посебно во комбинација со наставник или пишано упатство. Со помош на овој едноставен програм, на нови програмери можат да се објаснат основните принципи на информатиката или елементи специфични за програмскиот јазик. Поискусни програмери можат да научат дел од синтаксата и структурата на програмскиот јазик преку ваквиот програм.

Дополнително, "здраво свету" може да се користи и за тестирање на исправноста на преведувачот, развојната, и извршната околина за програмскиот јазик.

Компјутерски хакери користат "здраво свету" како доказ дека некаков код може да се изврши преку ранливост на некој систем, на место каде што не е дозволен.

Историја[уреди]

Малите тест програми постојат од појавата на првиот програмабилен компјутер. Фразата "Hello world!" како тест порака прв пат се појавува во книгата The C Programming Language. Примерот од оваа книга печати "hello, world" (без големи букви или извичник), и бил наследен од Programming in C: A Tutorial, внатрешен меморандум од Брајан Керниген во Bell Laboratories, 1974 година. Првата верзија на изворниот кодот била:

 int main() 
 {
        printf("hello, world");
        return 0;
 }

Првата позната заедничка употреба на зборовите "hello" и "world" во компјутерската литература е во 1972 година, во Tutorial Introduction to the Language B[1] на Керниген, со следниот изворен код:

main( ) {
  extrn a, b, c;
  putchar(a); putchar(b); putchar(c); putchar('!*n');
}
a 'hell';
b 'o, w';
c 'orld';

Варијации[уреди]

Постојат многу варијанти во однос на интерпункциските знаци и големите букви во фразата. Тие вклучуваат присуство или отсуство на запирка и извичник, голема буква 'H', големи букви 'H' и 'W', или ниедна. Некои јазици се приморани да имплементираат различни форми, како "HELLO WORLD!", на системи кои подржуваат само големи букви.

  1. „Програмскиот јазик B“. http://cm.bell-labs.com/cm/cs/who/dmr/bintro.html. 

Надворешни врски[уреди]