Двојно прикажување

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Double feature)

Двојно прикажување (англиски: Double feature) претставува феномен во филмската индустрија според кој менаџерите на кино салите прикажувале два филма еден по друг во една вечер, а ја наплатувале цената за еден, или кога еден игран филм ќе биде придружен со неколку други пократки ленти на различни теми.

Ова потекнува од 1920-те години кога кино салите барале нови начини за привлекување на гледачи за време на големата депресија и почнале да го менуваат начинот на кој наплатувале за филмови.

Во модерен контекст, „двојно прикажување“ може да се однесува на прикажување на телевизиска програма во која две епизоди се прикажани последователно.