Dolerus madidus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Dolerus madidus
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Dolerus
Научен назив
Dolerus madidus
Klug, 1814

Dolerus madidus е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Главата црна, градите црвени скутелумот црн, како и мезостернумот и делумно мезоплеурите. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата црни. Нозете наполно црни. Абдоменот црвеникаво жолт. Кај мажјакот главата и градите црни. Антените подолги од абдоменот. Првиот и двата или трите последни тергити на абдоменот црни, другите црвеникаво жолти.

Ларвите достигнуваат должина до 25 мм. Нивната глава е жолта, без темни дамки над очите. Телото дорзално темнокафеаво, од долната страна светложолтеникаво. Се среќаваат во текот на јуни на растенија од родот на Juncus.[1]

Возрасните единки достигнуваат должина од 9-11 мм.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на овој вид оса е цела Европа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 84