Dolerus gonager

Од Википедија — слободната енциклопедија
Dolerus gonager
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Dolerus
Научен назив
Dolerus gonager
Fabricius, 1781

Dolerus gonager е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Главата, антените и градите се црни, крилата речиси стаклесто провидни, жилките и стигмата црни. Нозете се црни, а коленатa се жолтоцрвеникави. Абдоменот е црн. Обојувањето на телото кај мажјакот е слично како кај женската форма.

Ларвите достигнуваат должина до 19 мм. Се појавуваат во периодот мај до јули на житните растенија од родовите: Agrostis, Festuca и други.[1]

Возрасните единки достигнуваат должина од 8-9 мм.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на овој вид оса е низ цела Европа, Кавказ и Турција. Во Македонија видот се среќава во: Скопје, Маврово, село Сретково и Пониква..[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 88