Dolerus gessneri

Од Википедија — слободната енциклопедија
Dolerus gessneri
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Dolerus
Научен назив
Dolerus gessneri
Andre, 1880

Dolerus gessneri е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Главата, антените и градите се црни,нозете се црни, колената и основата на предните тибии се црвени. Крилата малку затемнети. Абдоменот е црн, со попречни цртички. По обојување и по други надворешни белези, мажјакот е сличен на женската форма.

Ларвите достигнуваат должина од 23 мм. Нивната глава од горе е светлопортокалова, на темето со кафеави рабови. Телото е зелено, а од долната страна малку посветло. Се среќаваат во текот на јуни на растенија од родот на Equisetum.[1]

Возрасните единки достигнуваат должина од 9-12 мм.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на овој вид оса е Средна и Северна Европа, на исток до Камчатка, и како подвид во Северна Америка. Во Македонија видот се среќава во село Сарај, Скопско.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 87-88