Clostridium tetani

Од Википедија — слободната енциклопедија
Clostridium tetani
Clostridium tetani
Научна класификација
Царство: Bacteria
Колено: Firmicutes
Класа: Clostridia
Ред: Clostridiales
Семејство: Clostridiaceae
Род: Clostridium
Вид: C. tetani
Научен назив
Clostridium tetani
Flügge, 1881

Clostridium tetani е право тенко стапченце со перитрихијални флагели. Капсула нема, спорите му се наоѓаат терминално и се бои по Грам.

Токсичност[уреди | уреди извор]

Clostridium tetani лачи вистински егзотоксин. Тој се состои од две компоненти:

  • Тетаноспазмин, кој предизвикува грчеви на напрешно пругастите мускули;
  • Тетанолизин, кој ги хемолизира еритроцитите.

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Живее како сапрофит во цревата на домашните животни. Се исфрла соизметот во тревата, земјата и предметите. На тетанусна инфекција се изложени физичките работници-земјоделците. Кај нас се јавува спорадично поради ниска здравствена просветеност и нехигиенски навики кога на тетанусните повреди(длабоки убоди,убод од шајка, дрва и др.) не се обрнува доволно внимание.

Форми на тетанус[уреди | уреди извор]

Има повеќе форми на тетанус но ние ќе ги спомнеме само основните две форми.

Гиниколошки тетанус[уреди | уреди извор]

Се јавува при вршење на криминални абортуси од нестручни лица со нестерилни инструменти(предмети)

Неонатален тетанус[уреди | уреди извор]

Кај новороденчиња како резултат на нехигиенско сечење на папочната врска со нестерилни предмети.

Патогенеза[уреди | уреди извор]

Спорите навлегуваат во раната при повреда или подоцна кога таа е отворена. Секоја повреда не подразбира појава на тетанус. Тука на влезното место го излачува својот егзотоксин кој дифундира кон периферните нерви на ЦНС, а потоа по лимфен пат до целата мускулатура.
Инкубацијата изнесува од 7-14 дена, ретко до 2 месеци. Во зависност од локализацијата на местото на повредата имаме:

  • Локален тетанус, кај лица кои биле некомплетно вакцинирани, се јавува грч на рацете и нозете.
  • Генерализиран тетанус, е потешка форма на тетанус која започнува со грч на мускулите на лицето(челото,очните и мускулите околу устата), која дава карактеристичен изглед наречен Facies tetanicus (болниот како да се смее, а околу очите како да плаче). Потоа тоничниот грч го зафаќа вратот, градниот кош и абдоменот. Грчевите се многу болни, се повторуваат иако нападите се зголемени. Ако ги зафатаат меѓуребрените мускули настапува смрт. Ова трае 10 дена, а мускулите се опуштаат после 1-2 месеци од почетокот на болеста.

Терапија[уреди | уреди извор]

Терапијата е долготрајна и тешка. Се состои од:

  • серотерапија;
  • обработка на раната;
  • седативи и хипнотици;
  • снтибиотици;
  • симптоматска терапија;
  • рехидратација;
  • исрхана(лесна и калорична).

Профилакса[уреди | уреди извор]

Активна имунизација е задолжителна за сите деца до две години, ученици и војници. Се почнува во четвртиот месец со DI-TE-PER вакцина во три дози, субкутано на растојание од 4-6 недели. Првата ревакцинација се врши по три години. Втората ревакцинација е со DI-TE вакцина на 7 години. А понатаму на секои 5-7 години до наполнети 20 години. Пасивна имунизација се спроведува со серум во текот на првите 6-12 часа од повредата, а истите луѓе примаат теталпан.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]