21 Век (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
21 Век
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровиалтернативен рок, панк, пост панк, поп, македонска традиционална музика
Период на активност2018 година - денес
ИздавачиBalkan Veliki
Мреж. местоhttps://21vek.mk/
Членови
Васко Атанасоски
Дени Крстев
Раде Јордановски

21 Век[1] — македонски рок бенд од Скопје. Активен е на локалната сцена од 2018 година. Свиреле на повеќе турнеи низ балканот, како и настапувале на различни фестивали во земјата и странство.

„21Век” е бенд кој го сочинуваат тројца познати музичари од скопската алтернативна сцена: Васко Атанасоски („Бернајс пропаганда”, „ХаХаХа”, „FxPxOx”), Раде Јордановски („FxPxOx”) и Дени Крстев („Бернајс пропаганда”, „Фонија”, „My Tear”).

Музиката на „21Век“ претставува силно експресивна палета на влијанија движејќи се од правци како пост-панк сè до македонската традиционална музика. Критичарите, нивната музика ја карактеризираат како „поп музика вкоренета во длабок андерграунд”.[2]

„21 век се најљубовниот панкерски бенд или најпанкерскиот љубовен бенд. Нема друг како Васко, кој може во 3 скромни зборови да опише еден цел грст емоции. А Раде и Дени, неговите санчопансовци, умешно го следат јавајќи кон зајдисонцето.

Со нивните 3 енергетски набиени албуми издадени во рок од две години, 21 век само го трансформираа целото музичко и животно искуство од нивните претходни состави (My tear, Bernays Propaganda, FxPxOx, XAXAXA) во лирична зрелост. 21 век не е бенд, туку жесток порив за корнење на срцето. Да заплачеш и заиграш.“

- ЗДРАВО МЛАДИ[3]

Настапи[уреди | уреди извор]

  • 16 ноември 2018 - промоција на деби албум во кафулето „Винил“ - Скопје[4]
  • 26 јули 2020 - МКЦ за Скопје, МКЦ, Скопје[5]
  • 03 септември 2022 - на 12. Здраво млади, МКЦ, Скопје
  • Мини турнеја на 21 Век - 2022 г.

22.03 Feedback, Ниш, Србија;

23.03 Клуб Močvara, Загреб, Хрватска;

24.03 Клуб Kotač, Пула, Хрватска;

25.03 Azimut, Шибеник, Хрватска;

26.03 Клуб Kocka, Сплит, Хрватска;

27.03 Propaganda bar, Никшич, Црна Гора.

  • 28 декември 2022 - 50 ГОДИНИ МКЦ во МКЦ
  • 22 април 2023 - Настап на ARTAN LILI + 21VEK во Apolo, Панчево

Прв самостоен концерт[уреди | уреди извор]

  • 01 септември 2023 - 21 ВЕК КОНЦЕРТ, во МКЦ, Скопје[6]

По прославата од пет години од оформувањето, три студиски албуми и илјадници километри поминати за време на нивните настапи надвор од државата, скопското музичко трио „21Век” го одржале својот прв самостоен концерт во Денсинг салата на МКЦ на 1 септември 2023.[7]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Музичкиот состав зад себе има три студиски албуми снимени во скопското студио „1060“:

  • „1“ (2020),
  • „2“ (2020) и  
  • „Си нацртав живот“ (2021).[8]

Песната „Ужасно ми фалиш“, прва на албумот „Си нацртав живот”(2021) се задржала долго време на репертоарот на домашните радио фреквенции, а токму албумот го добил епитетот како „највеселиот албум за тешките љубовни јадови”.[9]

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место на 21 Век“.
  2. „21 Век“.
  3. „Здраво млади - МКЦ“.
  4. „Промоција на албум - Винил“.
  5. „МКЦ за Скопје“.
  6. „Настапи - 21 Век“.
  7. „Прв самостоен концерт на музичкото трио „21Век" во МКЦ“.
  8. „21 Век“.
  9. „21 Век“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]