“Селест и Џеси засекогаш“ (филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„“Селест и Џеси засекогаш““
200п
Филмски постер
Режирано од Ли Тоналд Кригер
Продуцент Џенифер Тод
Сузан Тод
Сценарист Рашида Џоунс
Вил МекКормак
Настапуваат Рашида Џоунс
Енди Семберг
Ери Грејнор
Ерик Кристијан Олсен
со Алаја Вуд
и Ема Робертс
Музика Сани Левин
Зек Кови
Кинематографија Дејвид Ланценберг
Монтажа Јана Горскаја
Студио Envision Media Arts
Team Todd
Дистрибутер Sony Pictures Classics (USA)
Buena Vista International (UK)
Премиера август 3 2012 (2012-08-03)
Држава Соединети Американски Држави
Јазик англиски
Буџет 840 000 американски долари
Бруто заработка 3 094 813 американски долари


Филмот “Селест и Џеси засекогаш“ (од анг. „Celeste and Jesse Forever“) е драма од 2012 година во режија на Ли Тоналд Кригер. Главните улоги ги играат Рашида Џоунс и Енди Семберг, а сценариото го напишаа Џоунс и Вил МекКормак, којшто исто така има улога во филмот. Премиерата на филмот се одржа на 3 август 2012 година во Њујорк и Лос Анџелес.

Кратка содржина[уреди]

Филмот започнува со фотомонтажа на којашто е прикажана врската помеѓу Селест и Џеси од кога биле најдобри пријатели па сѐ до тоа кога почнале љубовна врска во средно училиште. По шест години се венчаваат и се среќни заедно. Но, секој од нив си има свои посебни желби за различни професии и ова ќе ги раздели. Селест, којашто работи на анализа на идните трендови, е вработена во својата медиумска компанија заедно со својот деловен партнер Скот (Алаја Вуд), а пак Џеси е невработен уметник, на којшто не му се брза да најде работа. Еден ден, Селест ќе реши да се разделат, но ветува дека ќе останат пријатели иако ќе се гледаат со други луѓе. Џеси, којшто сѐ уште ја сака, пасивно се сложува, со надеж дека ќе му се врати.

По разделбата и процесот за развод, Селест и Џеси сепак не се независни еден од друг и ова сѐ повеќе ги нервира нивните заеднички најдобри пријатели, Бет (Ери Грејнор) и Такер (Ерик Кристијан Олсен) коишто се верени. Бет се обидува да најде објаснување за чудниот пар којшто се разведува, но Селест се оправдува дека е подобро и за неа и за Џеси да бидат пријатели. Дури и еден друг, нивен, заеднички пријател Скил (Вил МекКормак)вели дека е време секој од нив да си продолжи по својот пат. На почетокот, Селест е задоволна од ситуацијата во која се наоѓа, сѐ додека еден ден Џеси не ѝ каже дека неговата нова девојка Вероника (Ребека Дајан) е бремена. Таа не ги прима добро новите вести и за својата загриженост ѝ кажува на Бет, којашто ја прашува да не се премислила за разводот. Селест решава да се гледа со други луѓе со цел да си ги оттргне мислите.

На еден состанок со Макс (Рич Сомер), Селест ќе наиде на Џеси. Средбата станува многу непријатна за неа, но не и за Макс којшто мисли дека Џеси е пријатно момче. Макс, којшто веќе го надминал својот развод, ја соочува со фактот дека не е подготвена да се гледа со други мажи и дека ѝ треба време. По уште неколку непријатни состаноци со други мажи, Селест се запознава со Пол на еден час по јога и остро го прекорува за тоа што се обидел да ја удри, но на крај се загрева за него, откако ќе се сретнат повторно на една забава. Во меѓувреме, Џеси се грижи за Вероника и за нивното дете и со тоа созрева. Селест сфаќа дека нејзината желба да се разведе од Џеси била себична и избувлива и сега сака да му се врати. Тогаш се караат за нејзиниот контролирачки карактер и за неговите мрзливи навики и на крај се разделуваат, скарани. Подоцна, Рилеј Бенкс (Ема Робертс) ѝ се јавува на Селест, којашто порано во филмот ја има засрамено бидејќи немала вкус, а сега Рилеј ѝ вели да отиде кај неа. Селест оди кај Рилеј и ја гледа како плаче. Таа ѝ кажува дека тајно била во врска со едно момче, но дознала дека ја изневерува. Неочекувано се поврзуваат една со друга и полека стануваат пријателки. Додека се во еден ноќен бар со Рилеј, Селест смислува еден натпис којшто ќе ги привлече геј-фановите на Рилеј и тоа би можеле да го искористат за да ја претворат Рилеј во следната Лејди Гага. Еднаш додека се шетаат двете, го среќаваат младиот, згоден модел Руперт, којшто Селест го одби после еден непријатен состанок, а сега ги запознава со Рилеј. На венчавката на Бет и Такер, Селест наздравува во нивно име и им кажува на штотуку венчаните да се ценат еден со друг, да бидат трпеливи и да не се откажуваат лесно, како што постапила таа. Оваа изјава го погодува Џеси и тој ѝ се заблагодарува на Селест. Тие се смируваат и сега повторно се пријатели.

Додека се на една караоке-забава, Селест му кажува на Пол дека ѝ треба време да закрепне по разводот и тој ја разбира. Потоа, ги гледаме Селест и Џеси како најпосле ги потпишуваат документите за развод и си се смеат на нивните внатрешни шеги. Нивните адвокати се погледнуваат и се збунети од нивната смеа. Селест му посакува сѐ најубаво на Џеси. Најпосле го прашува дали ја сака Вероника, тој позитивно ѝ одговара. Селест го охрабрува да продолжи да се бори за неа, а таа го продолжува својот живот заедно со Пол.


Актерска екипа[уреди]

• Рашида Џоунс во улога на Селест Мартин

• Енди Семберг во улога на Џеси Абрамс

• Алаја Вуд во улога на Скот

• Ема Робертс во улога на Рилеј Бенкс

• Ерик Кристијан Олсен во улога на Стив Такер

• Ери Грејнор во улога на Бет

• Крис Месина во улога на Пол

• Вил МекКормак во улога на Скил

• Рич Сомер во улога на Макс

• Рафи Геврон во улога на Руперт

• Метју Дел Негро во улога на Ник Моран


Промоција[уреди]

Рекламниот инсерт ги опфаќа сите компликации коишто настануваат од комплицираните врски, на коишто се согласиле разведениот пар „Селест“ и „Џеси“.

Прифатеност[уреди]

Критички осврт[уреди]

Филмот “Селест и Џеси засекогаш“ (од анг. „Celeste and Jesse Forever“) воглавно беше позитивно оценет. Овен Глејбермен во својата рецензија во весникот „ Ентертеинмент Викли“ (од анг. „Entertainment Weekly“) изјавува : „помина долго време откога една романтична комедија собра толку многу шарм поради тоа што е изгледа реално.“ Филмот се вбројува во еден од највисоко-оценетите филмови на „Rotten Tomatoes“ со тоа што освоил 70% од вкупно 106 критики и било заклучено следново: „Бидејќи не ги потценува својот жанр, а изгледа дека го потценува, филмот “Селест и Џеси засекогаш“ (од анг. „Celeste and Jesse Forever“) е одлична романтична комедија, којашто бенефицира од својата симпатична актерска екипа и го нагласува присуството на Рашида Џоунс како вистински талент на големите екрани.“

Награди[уреди]

Сценаристите на филмот “Селест и Џеси засекогаш“ (од анг. „Celeste and Jesse Forever“), Рашида Џоунс и Вил МекКормак беа номинирани за „Најдобро прво сценарио“ на наградите „Независен дух“(од анг. „Independent Spirit Award“).

Издавање[уреди]

Домашни изданија[уреди]

Изданијата на „DVD“ и „Blu-ray“ од филмот излегоа на 5 февруари 2013 година.