Шалитрена Пештера

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шалитрената пештера се наоѓа во рамките на споменикот на природата Рибница, во атарот на селото Брежѓе, оддалечено околу шест километри од Мионица и три километри низводно од Рибничката пештера и манастирот Рибница. Се наоѓа на списокот на споменици на културата од големо значење.[1] [2] [3]

Археолошки работи[уреди | уреди извор]

Шалитрена пештера била откриена за време на рекогносцирањето на долината на реката Рибница, која кон крајот на седумдесетите години на минатиот век билa откриена од група млади истражувачи од Ваљево. Од 2004 година, истражувањето на Шалитрената пештера го превзел Националниот музеј од Белград, кој започнал со систематски археолошки ископувања. Ова истражување се реализирало во рамките на поширокиот проект на Народниот музеј, под наслов Култура и уметност во палеолитот и мезолитот на Србија. Раководител на истражувањето била Бојана Михаиловиќ.

Наоди[уреди | уреди извор]

Археолошкото наоѓалиште ги содржи најстарите остатоци од повремените живеалишта на праисториските ловци кои живееле тука во средниот палеолит, пред 80.000 - 40.000 години од старата ера. Врз основа на нашите досегашни сознанија, може да се каже дека Шалитрената пештера во овој момент претставува најбогато и најважно палеолитско наоѓалиште во Србија, единственото граветијенско наоѓалиште на просторот на западен Балкан и секако едно од најбогатите и најзначајните горнопалеолитски наоѓалишта во југоисточна Европа.

Наводи[уреди | уреди извор]

 

  1. Завод за заштиту споменика културе Ваљево
  2. „Народни музеј Београд“. Архивирано од изворникот на 5. 11. 2013. Посетено на 4. 11. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  3. „На длану“. Архивирано од изворникот на 5. 11. 2013. Посетено на 4. 11. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Завод за заштита на спомениците Ваљево: „Монументално наследство на окрузите Колубара и Мачва“. Ваљево: 2006 година  978-86-904745-2-3   131307532
  • Фото-монографија Мионица - Завичај Војводе Мишића. Мионица: Фондација Војвода Живојин Мишић Београд, СО Мионица, КЦ Мионица. 2011. стр. 66. ISBN 978-86-909017-2-2. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); |access-date= бара |url= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]