Чулејца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чулејца
Место150 м источно од Тиквешкото Езеро, Македонија Македонија
Должина503 м (состојба 2012)
Пристап1

Чулејца позната и како Партизанска Пештера претставува втората најдолга пештера во јужниот дел од Македонија, после пештерата Бела Вода кај Демир Капија која е долга 955m. Таа се наоѓа на 150 метри од источниот брег на Тиквешкото Езеро, кај наоѓалиштето Горна Порта.

Според кажувањата на месните жители, во Чулејца се криеле партизаните за време на Втората светска војна, но само во првата просторија од влезот. Тие не успевале долго време да се задржат во пештерата бидејќи во неа се чувствувала силна миризба на амонијак од изметот на колониите лилјаци што живеат во неа. И при сегашните истражување спелеолозите пронашле свеж измет, што укажува дека Чулејца сè уште е населена со лилјаци. Чулејца настанала со необични процеси, бидејќи во пештерата има многу хаотично испревртени сливови од минерали и необични форми. Од влезот пештерата продолжува во неколку насоки. Спроти влезот има јама, а лево и десно од неа се редат големи сали полни со украси, ходници и канали. На неколку места има сталактити долги и по 15 метри. Салите се наоѓаат на неколку нивоа, а некои се една над друга. Најголемата сала е долга 50 метри, а на таванот на друга сала, пак, има отвор низ кој може да се влезе во неа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Чулејца - пештерски систем со невидени украси. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-09-16.