Четврта тетовска парохија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Четвртата тетовска парохија е парохија која е под јурисдикција на Архиерејското намесништво од Тетово со главна парохиска црква „Св. Никола“ во населбата Колтук. Неа ја опслужува протојереј-ставрофор Ратко Милановски. Во состав на оваа парохија покрај дел од градот опфатени се и селата: Лавце, Долна Лешница и Требош како и манастирскиот комплекс "Свети Атанасиј" којшто се наоѓа на месноста Балтепе над Тетово.[1].

Цркви и манастири[уреди | уреди извор]

Парохијата има 4 цркви и тоа во:

име населено место изградена слика
Црква „Св. Никола“ Тетово 14 век (прва),
1842 (втора),
1901/02 (трета)
Црква „Св. Петка и Св. Недела“ Тетово 14 век (прва); 2000 (втора)
Црква „Св. Атанасиј“ Тетово 13 век (прв објект)
1922 (сегашен објект)
Црква „Св. Ѓорѓи“ Лавце 19 век
Црква „Св. Спас“ Лавце
Црква „Св. Никола“ Долна Лешница
Црква „Св. Ѓорѓи“ Требош
Црква „Св. Атанасиј“ Требош 1969

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-25.