Црвените светла

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Црвените светла“ (англиски: Red lights) — филм од 2012 година, во режија на Родриго Кортес (Rodrigo Cortés), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Сигурни Вивер (Sigourney Weaver), Роберт Де Ниро (Robert De Niro), Силијан Марфи (Cillian Murphy), Тоби Џонс (Toby Jones), Елизабет Олсен (Elizabeth Olsen) и Џоули Ричардсон (Joely Richardson).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Д-р Маргарет Метсон (ја игра Вивер) е умна жена која е посветена на разобличувањето на измамите за таканаречените паранормални појави. Таа работи со својот соработник, физичарот Том Бакли (го игра Марфи). По пауза од неколку децении, во јавноста повторно се појавува познатиот медиум Сајмон Силвер (го игра де Ниро). Неговиот настап пред публиката се поклопува со ненадејната смрт на д-р Метсон, а и нејзиниот претходник во истражувањето умрел во слични околности. Нејзината смрт го мотивира Бакли темелно да се посвети на истражувањето на способностите на Сајмон Силвер со намера јавно да го разобличи и да докаже дека се работи за голема измама...

Наводи[уреди | уреди извор]