Црвениот балон (филм од 1956)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црвениот балон (француски: Le ballon rouge) - француски филм од 1956 година, во режија на Албер Ламорис, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Паскал Ламорис, Сабине Ламорис, Жорж Селие, Владимир Попов, итн. Во 1956 година, филмот ја добил „Златната палма“ за најдобар краток филм на Филмскиот фестивал во Кан, а во 1957 година ги добил наградата „Оскар“ за најдобро сценарио, како и специјална награда на БАФТА.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Детето Паскал (го игра Паскал Ламорис) наоѓа црвен балон на улица и го зема со себе. Кога пристигнува дома, тој го остава балонот надвор, но балонот наместо да полета во воздухот, останува на истото место и стрпливо го чека детето. Утредента, балонот упорно го следи Паскал, а потоа влегува и во училиштето. За казна, Паскал е затворен во една просторија, но тогаш балонот го следи професорот и го вознемирува сè додека тој не се врати назад и не го ослободи детето. Меѓутоа, Паскал влегува во слаткарница и тогаш група деца му го крадат балонот. Сепак, Паскал не се предава и ги наоѓа децата, по што си го зема балонот назад. Тогаш, децата го бркаат по улиците и на крајот го стигнуваат и го уништуваат балонот. Во тој миг, сите балони во Париз излегуваат од продавниците, им бегаат на сопствениците и се собираат кај Паскал, а тој качен на нив лета над градот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]