Центар за електронско учење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Со цел да се воведат модерни форми на учење на Универзитетот, нови технологии (интерактивни табли, графички табли, мултимедиумски софтвер и хардвер, аудиовизуелна опрема и друго), како и редовни обуки на наставници, учители, студенти и ученици од универзитети и училишта во Република Македонија и во странство, се формира Центарот за електронско учење.[1] Е-учењето може да обезбеди бенефиции за организации и физички лица и тоа се: подобри перформанси, зголемен пристап, развој на вештини и компетенции кои се потребни во 21 век, а особено да се осигура дека учениците имаат дигитална писменост како и вештини потребни за нивната дисциплина, професија или кариера.

Организација и структура[уреди | уреди извор]

Основна цел за развивање на електронското учење е да обезбеди начин за користење на електронска ученичка околина. Да обезбеди лесно и постојано пристапување до материјалите за учење. Електронската околина за учење не само што овозможува 24/7 пристап до податоците, туку таа овозможува и проверување на знаењето, меѓусебно оценување на група студенти, можности за форуми и тестирања и др., што ќе го подобри начинот на учење и полесно совладување на наставниот материјал.[2]

Активности[уреди | уреди извор]

Главните активности на Центарот за Е-учење се курсевите за студентите и вработените на Универзитетот како и обуките што ги организира Центарот. Освен тоа, Центарот нуди и повеќе услуги како: изнајмување на опрема, 24 часа техничка поддршка, изработка на упатства, контакти со вработените во Центарот.[3]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „- Официјална страница на Центар за е-учење“. Архивирано од изворникот на 2013-03-13. Посетено на 2013-03-26.
  2. „- Официјална страница на Центар за е-учење“. Архивирано од изворникот на 2012-05-20. Посетено на 2013-03-26.
  3. - Официјална страница на Центар за е-учење - „Активности“