Цвијиќев шафран

Од Википедија — слободната енциклопедија

Цвијиќев шафран (Crocus cvijicii) е локален ендемичен вид растение во национален парк Галичица.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Телото на туниката фино кончеста, мрежеста.

Листови[уреди | уреди извор]

2-4, 1, 5-3 mm широки, присутни при цветањето.

Цветови[уреди | уреди извор]

Единечни, темно кремави до портокалово-жолти; запците влакнести. Предлист отсуствува. Брактеа и брактеола присутни, повеќе или помалку долги колку цевката на перијантот. Цевката на перијантот 1,5-3,5 cm, белузлава или ретко пурпурна; сегментите 1,5 x 0,6-0,9 cm, јајцевидно ланцетни, тапи. Антерите портокалово-жолти. Столпчето портокалово, скоро еднакво на прашниците, нејасно поделено на три стигмални гранки.

Плод[уреди | уреди извор]

Елипсовидна кутијка долга 1-1,5 cm; семенките скоро топчести, со јасни строфиоли, црвено-кафеави.[2]

Екологија[уреди | уреди извор]

Околу снежници, на варовничка подлога, во субалпскиот појас.[3]

Распространетост[уреди | уреди извор]

  • Галичица: Стара Галичица, по варовнички камењари. 1800-2030 m. (leg. K.Micevski)
  • Галичица: на варовнички камењар под точилото. (leg. K.Micevski)[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kosanin, Глас Српске Краљ.Акад. 119:23 (1926)
  2. Kosanin, Глас Српске Краљ.Акад. 119:23 (1926)
  3. Kosanin, Глас Српске Краљ.Акад. 119:23 (1926)
  4. Kosanin, Глас Српске Краљ.Акад. 119:23 (1926)