Хондромалација на патели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хондромалација на патели
СпецијалностРевматологија, Ортопедија Уреди на Википодатоците

Хондромалација на патели е термин кој потекнува од раните години на 20 век. Означува "мека 'рскавица под пателата(коленото капаче)", кое е причина за пролонгирана болка во внатрешната и предната страна на коленото.Оваа состојба често ги погодува младите,во друг поглед здрави единки.[1][2]

Хондромалацијата се должи на иритација на долната страна од пателата.Долната површина на пателата или коленото капаче е покриено со мека 'рскавица.Оваа 'рскавица нормално без никаков напор се лизга по колениот зглоб во текот на неговото превиткување.Кај некои единки пателата се лизга по едната страна од коленото со што се иритира 'рскавицата и како резултат се јавува болка.[3]

Терминот "хондромалација" понекогаш се користи за да се опише абнормално појавување на 'рскавица било каде во телото.[4]

Болка во предниот/внатрешниот дел од коленото е честа кај млади луѓе,посебно кај фудбалери, гимнастичари, велосипедисти, тенисери, кошаркари и тркачи. Болката се чувствува после пролонгирано седење,како на пример за време на гледање филм поради што е позната како "филмска болка"."[5]

Состојбата може да биде резултат на акутна повреда на пателата или на хронично триење помеѓу пателата и дисталниот дел на фемурот.[6]

Болката во коленото може да се намали со базичен програм како одмор,лед,компресија,елевација,нестероидни антиинфламаторни лекови и физиотерапија.

Обично хондромалацијата се појавува без отекување на коленото.Третманот останува контроверзен,но голем број од пациентите чувствуваат подобрување после одмор и соодветна физикална терапија.Намалувањето на инфаламацијата е првиот чекор во третманот. Одбегнување на активности кои го иритираат коленото е важно во текот на неколку седмици по што треба да следи постепено враќање кон вежбање.Една од активностите кои се препорачуваат е пливањето.Следниот чекор во третманот е физикалната терапија која се состои од вежби кои треба да ги зајакнат колковите и бутовите.Употребата на нестероидните антиинфламаторни лекови помага за болката.Хируршката терапија сè повеќе се избегнува овие денови поради 2 причини:добар исход на конзервативната терапија и малиот број на пациенти кои имаат корист од операцијата.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Grelsamer RP: Patellar Nomenclature – The Tower of Babel Revisited. Symposium on patellofemoral arthroplasty. Clin. Orthop. 436:60-65, 2005.
  2. Isolated patellofemoral arthritis often overlooked. Архивирано на 30 јули 2012 г. Saturday, February 6, 1999. Academy News, The American Academy of Orthopaedic Surgeons
  3. [1] - Chondromalacia-Runner's Knee. Jonathon Cluett, M.D.
  4. Schindler, Oliver (2004-06). „Synovial plicae of the knee“. Science Direct. Архивирано од изворникот на 2009-08-23. Посетено на 2008-10-10. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Knee Cap Pain - Dr. Gauresh.
  6. „Chondromalacia Patella“. SportsMed Web. Посетено на 2008-10-05.
  7. http://orthopedics.about.com/cs/patelladisorders/a/chondromalacia.htm