ХК Лулео

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хокеарски клуб Лулео)

Хокеарскиот клуб на Лулео доаѓа од истоимениот град Лулео во Шведска, и моментално се натпреварува во елитната прва шведска хокеарска лига. Клубот во сезоната 1995/96 година бил победник во шведското првенство (шампион на Шведска).

Своите домашни натпревари ги игра во арената „Коп Норботен“ со капацитет од 6.300 места за седење.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот е формиран во 1977 година под името Гроко, а по две години го добива денешното име. Во 1986 година тимот на Лулео влегува во првата лига каде што и денес настапува.

Најголеми успеси на тимот се: една шампионска титула од 1996 година и трипати второ место (играње во финале) и тоа 1993, 1997 и 2013 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • „Historical Archive“ (шведски). Luleå Hockey. Архивирано од изворникот на 2007-05-27. Посетено на 2007-08-22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]