Хаѕа (јазик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хаѕа
Hazane
Застапен во Танзанија
Подрачје Езеро Ејаси
Народ 975 Хаѕи (2005)
Говорници 800  (2000)e17
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3 hts
Оваа статија содржи фонетски симболи по МФА. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо уникодни знаци.


Хаѕа, или хаѕански, е јазик кој се зборува во регионот на езерото Ејаси во Танзанија. Јазикот го зборува народот Хаѕи. Иако јазикот го зборуваат мал број на луѓе, сепак јазикот е во голема употреба бидејќи и младите генерации го изучуваат и зборуваат. Традиционално јазикот се сметал за дел од којсанските јазици, најмногу поради кликовите, но сепак оваа класификација не е општоприфатена и јазикот се смета за јазичен изолат.

Класификација[уреди]

Хаѕа се смета за јазичен изолат (Sands 1998, Starostin 2013). Порано јазикот се сметал за дел од којсанските јазици, заедно со сандавејскиот јазик, најмногу поради кликовите. Сепак, хаѕа има многу мал број сличности со сандавејскиот или со останатите којсански јазици и предложената класификација е оспорена. Сличностите со сандевејскиот се зборови од кушитско потекло, а со останатите јазици се едносложни зборови, за кои се смета дека се случајни.

Литература[уреди]

  • Sands, Bonny E. (1998) 'The Linguistic Relationship between Hadza and Khoisan' In Schladt, Matthias (ed.) Language, Identity, and Conceptualization among the Khoisan (Quellen zur Khoisan-Forschung Vol. 15), Köln: Rüdiger Köppe, 265–283.
  • Bonny Sands, Ian Maddieson, Peter Ladefoged (1993). 'The Phonetic Structures of Hadza', UCLA Working Papers in Phonetics, No. 84: Fieldwork Studies in Targeted Languages.
  • A.N. Tucker, M.A. Bryan, and James Woodburn as co-author for Hadza (1977). 'The East African Click Languages: A Phonetic Comparison'. In J.G. Moehlig, Franz Rottland, Bernd Heine, eds, Zur Sprachgeschichte und Ethnohistorie in Afrika. Berlin: Dietrich Diener Verlag.
  • Edward Elderkin (1978) Loans in Hadza: internal evidence from consonants. Occasional Papers 3. Dar es Salaam.
  • Kirk Miller (2008) 'Hadza Grammar Notes'. 3rd International Symposium on Khoisan Languages and Linguistics, Riezlern.
  • ———— (2009) 'Highlights of Hadza fieldwork'. LSA, San Francisco.

Надворешни врски[уреди]