Фокус (оптика)
Од Википедија
Во геометриската оптика, фокус или жариште е точката каде што се среќаваат (конвергираат) светлосните зраци кои доаѓаат од еден предмет.[1] Иако фокусот идејно се замислува како точка, физички тој има величина, наречен матен круг. Ова неидеално фокусирање може да се должи на аберации отстапувања во оптичката апаратура. Во отсуство на значајни аберации, најмалиот можен матен круг се нарекува Ериев диск, кој се должи на дифракција (распрснунвање) од страна на дијафрагмата на оптичкиот систем. Аберациите се влошуваат со зголемување на отворот на дијафрагмата, додека пак Ериевиот диск е најмал при најотворена дијафрагма.
Една слика, или пак точка или регион на неа, се вели дека е во фокус кога светлото од точките на предметот се среќаваат и концентрираат на едно место колку што е можно, додека пак велиме дека истите се вон фокус кога зраците не се сретнуваат во едно место. Границата помеѓу нив се дефинира според критериумот на кругот на конфузија.
Главен фокус или фокусна точка е посебен фокус:
- Кај леќа, или сферично или параболично огледало, ова е точката во која е фокусирано колимирано светло паралелно на оската. Бидејќи светлото може да помине низ леќа во обете насоки, леќата има две фокусни точки—по една од секоја страна. Растојанието во воздух помеѓу главната рамнина на леќата или огледалото до фокусот се нарекува фокусно растојание.
- Елиптичните огледала имаат две фокусни точки: светлото кое минува низ едната од нив пред да урди во огледалото се одбива така што минува и низ другата.
- Фокусот на хиперболичното огледало е едно од две точки кои имаат својство каде светлото низ едната се одбива како да дошло од другата.
Дивергентна (распрснувачка) (негативна) леќа, или пак конвексно огледало не го фокусира колимираниот сноп во една точка. Тука фокусот е точката од која светлото изгледа дека произлегува, откако ќе пропатува низ леќата или ќе се одбие од огледалото. Конвексното параболично огледало одбива сноп колимирано светло така што тоа изгледа како да зрачи од фокусната точка, или пак обратно, одбива зрази насочени кон фокусот како колимиран сноп. Конвексното елиптично огледало ја одбива светлината насочена кон еден фокус како да зрачи од другиот фокус, при што обете се наоѓаат зад огледалото. Конвексното хиперболично огледало одбива зраци кои извираат од фокусната точка пред огледалото како да извираат од фокусната точка зад огледалото. Во обратен случај, тоа фокусира зраци насочени во фокусната точка која се наоѓа зад огледалото кон фокусната точка пред огледалото како кај Касегреновиот телескоп.
[уреди] Видете исто така
- Кардинална точка (оптика)
- Дефокусна аберација
- Длабочина на острина
- Фокусна длабочина
- Фокус (геометрија)
- Фиксен фокус
- Боке
[уреди] Наводи
- ↑ „Стандардна терминологија во микроскопијата“. Универзитет на Минесота - Страница на Службата за карактеризација. http://www.charfac.umn.edu/glossary/f.html. Пребарано на 21 април 2006. (англиски)