Фасадата ги јаде темелите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фасадата ги јаде темелите: текстови за градот - збирка есеи на македонскиот писател и есеист Никола Гелевски.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата, со обем од 105 страници и со димензии од 18 сантиметри, е објавена како седма книга во рамките на едицијата „Градот“. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната изнака ISBN 978-608-4658-09-2. Графичкото уредување и дизајнот се дело на „Кома“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 22 текстови посветени на проектот „Скопје 2014“, а кои претходно биле објавени во неделното списание „Глобус“ и на порталот „Окно“, во периодот од мај 2010 до март 2012 година. Збирката ги содржи следниве есеи:[1]

  • Очи на кожата
  • Уметноста и револуцијата
  • Дно под дното
  • Туризам и архитектура
  • Отворање на погледот
  • Барокот на тасманиската пештера
  • Краткиот и долгиот список
  • Сакрална трансфигурација
  • Судбината на градот
  • Епидермалното его
  • Сполијација
  • Полнење на празното
  • Деспотот-дерле
  • Спомениците и кичот
  • Нормани за милион франци
  • Стаписани пред триумфалната порта
  • Фасадата ги јаде темелите
  • Протези за ампутирани духови
  • Доба на периките
  • Брод во шише: копија или симулакрум
  • „Чиче, чиче, јас ништо не гледам!“ (СК014 како Дизниленд)
  • Борат и Ким Џонг Ил (Пошлост и полихрезија)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Никола Гелевски, Фасадата ги јаде темелите - текстови за градот. Скопје: Темплум, март 2012.