Туризам во Косово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Шар Планина

Туризмот во Косово се одликува со косовската кујна, архитектура, религијата, традицијата и природните богатства. Без разлика што туризмот беше флен во сенка поради воениот конфликт на Косово и прогласување на независноста во 2008 година, престижниот американски весник New York Times неодамна го вклучи Косово на списокот на 41 место што треба да се посети во 2011.[1][2] Истата година, Косово скокна за 40 места на Skyscanner, истражување кое го прикажува туристичкиот раст. Спротивно на генералната ситуација, безбедноста и криминалот се подобрени од 2000 година па навака благодарение на учеството на силите за безбедност на Европската Унија - ЕУЛЕКС, силите на НАТО - КФОР, а подоцна и новоформираната полиција на Косово.

Туризмот е безбеден и согледувајќи го фактот дека Косово има прекрасни планини, насекаде низ земјата, може да се одвиваат различни активности како планинарење, пешачење, искачување, логорување итн. Има многу езера и реки каде постојат голем број на фарми. Интересни се и старите камени тврдини каде луѓето живееле во минатото, а кои денес се одлични туристички локации.

Статистика[уреди | уреди извор]

Бирото за статистика на Република Косово објави квартални податоци почнувајќи од 2008 година.

Следнава табела го покажува бројот на странски посетители според државата од која доаѓаат за 2011 година. [1]

Држава Јануари Февруари Mарт Април Mај јуни јули август Септември Октомври Ноември Декември Вкупно
Австрија 31 22 47 51 50 57 19 33 35 72 42 41 500
Белгија 0 5 1 7 0 0 6 12 6 2 0 4 43
САД 148 177 231 97 170 145 98 58 49 176 164 115 1628
Велика Британија 52 73 109 144 214 149 74 45 54 121 144 72 1251
Франција 22 19 49 33 26 26 18 24 17 26 16 16 301
Германија 287 256 336 222 334 255 175 142 218 231 154 140 2750
Грција 2 5 0 3 7 7 5 3 2 1 0 2 37
Холандија 9 8 14 52 43 32 17 25 7 17 45 9 278
Италија 56 56 62 157 159 257 390 376 156 167 51 51 1938
Хрватска 96 116 129 89 80 96 28 41 57 59 48 32 871

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The 41 Places to Go in 2011“. The New York Times. 7 January 2011.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-08-04. Посетено на 2016-03-08.