Тодраж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодраж

Тодраж (се изговара [ˈToːdɾaʃ] ) е мала населба југоисточно од Горења Вас во општина Горења Вас-Пољане во регионот Горна Крањска во Словенија.[1]

Име[уреди | уреди извор]

Името Тодраж за прв пат беше потврдено во пишаните извори како Витодрас во 1291 и 1381 година (и Витодраси во 1501 година). Овие транскрипции означуваат дека потекнува од *Витодраж, засновано врз словенското лично име Витодраг.[2]

Рудник за ураниум[уреди | уреди извор]

Стара рударска опрема во Тодраж

Седиштето на рудникот за ураниум „Жировски врх“ се наоѓа во населбата. Рудникот беше трајно затворен во 90-тите години од минатиот век, а местото беше исчистено од компанијата задолжена за затворање на рудникот, Рудник Жировски Врх, со седиште во Тодраж.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gorenja Vas–Poljane municipal site
  2. Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan. стр. 430.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]