Тицеов синдром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тицеов синдром
СпецијалностРевматологија Уреди на Википодатоците

Тицеов синдром претставува исто така воспаление на ребрената 'рскавица, но за разлика од костохондритисот се јавува и оток на 'рскавицата, којшто е палпабилен и болно осетлив при клинички преглед. Етиологијата е непозната. Болеста е самолимитирачка, најчесто минува по дванаесет недели. Често градната болка којашто се јавува кај костохондритис може да личи на болка при миокарден инфаркт, па поради тоа пациентот се јавува на лекар. Често болката е пропратена со мачнина и повраќање, анксиозност, страв и препотување. Затоа е потребно прво исклучување на можноста за постоечки срцев удар, на пациентот да му се укаже дека при костохондритис нема оштетување на орган, но дека треба да се лекува болката која некогаш може да биде интензивна и да ги оневозможува секојдневните физички активности.