Тинитус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Tinnitus е звук кој се јавува во внатрешното уво, а воедно е и моментална психичка состојба на чувство на присуство на звук во ушите и главата без да постои реален звук во околината. Звукот се претставува различно и тоа како еден гласовит звук, вид на зуење, како ѕвонење, како јака позадинска бука, сличен како течење на вода, како пискање, како звук од морска школка и т.н. Името tinnitus значи “ѕвонење или зуење како ѕвонче” , а доаѓа од латинскиот збор “tinn-itus” како ѕвони, буквата “i” значи исто како “присутно”. Разликуваме неколку различни типови на tinnitus: • Тотален tinnitus и често се нарекува ѕвонење во ушите. Тој се карактеризира со постојан звук, како одредена нота која се повторува. • Пулсирачки tinnitus чиј звук се карактеризира со прекини, постојаност или пулсирачки, во ритам на чукањето на срцето. • Tinnitus чиј звук е ѕвонење, зуење, неизменичен, свиреж, пискав. • Не ретко се сретнува tinnitus, каде звукот се поистоветува со бипкање како Морсеова азбука, тип на сигнал еднаков на еден музички тон. • Понекогаш, не често tinnitus-от се јавува и како неколку различни типови на тонови во исто време како музика. Во ретките, несекојдневни видови на tinnitus, за нас e познат уште еден, а тоа е објективен tinnitus каде бучавата која настанува кај болниот може да ја слушнат и другите особи.


Останати симптоми кои се поистоветуваат со tinnitus-от[уреди]

Додатно на одредената бучава која е поврзана со tinnitus-от, секако постојат и други симптоми кои ја следат оваа состојба. И тоа вклучувајќи: • Вртоглавица, губење на рамнотежа • Болка во внатрешното уво • Чувство како да е увото исполнето со нешто • Главоболка


Кога најчесто се јавува tinnitus-от[уреди]

Tinnitus-от нема одреден период кога тој може да се појави, може да се појави и кај новороденче, но и кај многу постари особи. Тој може да се појави кај секого но сепак поголеми се шансите да се добие болеста со зголемување на годините. Сепак треба да се нагласи дека луѓето кои имаат тешки проблеми со артериите се со најголем ризик за заболување за разлика од другата популација. Исто така, важи и за особи кои работат во бучни простории, голема е веројатноста за заболување и напредок на болеста tinnitus.


Зошто се јавува tinnitus-от, кои се можните причини и дали шумот значи дека болниот има одреден степен на глувост[уреди]

Најчестите tinnitus болести настануваат како резултат на оштетување на микроскопските краеви на слушниот нерв во внатрешното уво. Исправноста, здравоста на овие краеви е многу важна за акутното слушање, а нивното оштетување предизвикува загуба на слухот, а воедно во чести случаи и tinnitus. Доколку сте постар, соодветно со годините нормално е последователно да се јави и благо оштетување на слушниот нерв, а и tinnitus-от. Но, доколку сте помлад, избегнувајте ги бучните простории и гласната музика бидејќи, тоа најчесто доведува до тешки загуби на слухот, а воедно и појава на tinnitus.

Болести кои го предизвикуваат tinnitus-от[уреди]

Има повеќе фактори кои можат да влијаат на појавата на tinnitus и тоа :

  • • Блокиран ушен канал со церумен (ушна маст)
  • • Затната Еустахиева туба
  • • Отосклероза (народски кажано за’рѓавување на ковчињата 4, 5 и 6 на сликата)
  • • Мениерова болест (неред во средното уво настанат од некоја болест, а 80% - 85% се јавува само на едното уво)
  • • Болест предизвикана од некои лекарства – ототоксични лекови
  • • Акустичен шок ( ненадејно преголемо количество на звук, на пример, истрел, експлозија, прегласна музика и т. н.)
  • • Стрес, шок ( позитивен или негативен )
  • • Неправилна исхрана (брза храна, храна со недоволно количество витамини и нередовна исхрана)
  • • Зголемување или намалување на крвниот притисок
  • • Аналгетици (аспирин)
    • • Антибитотици:
    • • aminoglycosides e.g. gentamicin
    • • chloramphenicol
    • • erythromycin
    • • tetracycline
    • • vancomycin
  • • Лекови за хемотерапија:
    • • bleomycin
    • • cisplatin
    • • mechlorethamine
    • • methotrexate
    • • vincristin
    • • Мултиплекс склероза
    • • Повреди на главата
    • • Болести на тироидата
    • • Хиперлипидемија
    • • Недостаток на витамин Б 12
    • • Депресија и други психички болести
    • • Хипногогија и т.н.

Што е тоа субјективен и објективен tinnitus – шум[уреди]

За да го објасниме ова прашање ќе мора претходно да објасниме целиот ме-ханизам за слушање на човекот, кој е кој дел, како работи и која му е улогата. Имено сите знаеме дека увото е составено од:

Податотека:Delovi na uvoto.jpg
Википедија Енциклопедија
  • 1. Ушна школка
  • 2. Ушен канал
  • 3. Ушно тапанче
  • 4. Чекан
  • 5. Наковална
  • 6. Узенгија
  • 7. Вестибуларис
  • 8. Нервот за рамнотежа
  • 9. Коклеусот (полжавот)
  • 10. Фацијалниот нерв
  • 11. Нервот за слушање
  • 12. Еустахиевата туба


Звукот влегува преку ушната школка, низ ушниот канал, поминува низ тапанчето каде се претвара во потенцијална енергија т.е. ги задвижува ковчињата 4, 5 и 6 од сл. 1 кои таа вибрација пак ја пренесуваат во коклеусот. Во внатрешното уво, поточно во коклеусот има илјадници мали влакненца кои вибрираат во зависност од звучниот бран и има ќелии кои неутралниот бран го претвараат назад во акустична емисија. При самото придвижување на влакненцата,преку ќелиите звукот се пренесува на нервните завршетоци, но не како вибрација туку како електрични бранови кои го стимулираат слушниот нерв, а додека слушниот нерв пак, ова го пренесува како збир од импулси (кодови) кои мозокот ги декодира и ги распознава како звук. Една од теориите за tinnitus-от е дека тој настанува како резултат од оштетување на влакненцата и ќелиите во коклеусот, па бидејќи се тие нестабилни и оштетени вибрираат и кога нема звук, т.е. создаваат имагинарен звук кој се пренесува до мозокот. Друга можност за настанување на tinnitus е оштетувања на слушниот нерв, кој или не го пренесува звукот или тој сам пренесува лажни информации до мозокот. Има и други причини за настанување на болеста, но да се навратиме на прашањето за субјективен и објективен tinnitus. Субјективниот tinnitus настанува како резултат на оштетувањата и можните промени кај човекот. Објективниот tinnitus настанува кога кај човекот, влакненцата сами почнуваат да се придвижуваат при што создаваат вибрација која овој пат оди спротивно од начинот на слушање преку узенгијата, наковалната и чеканот и се пренесуваат до тапанчето, каде тоа создава звук кој се зголемува низ ушниот канал и школката кои во овој случај имаат улога на труба, и се пренесува во околината каде што другите особи можат да го слушнат звукот.


Дијагноза и лекување[уреди]

Tinitus-от најчесто се поистоветува со загуба на слухот, во зависност од неговата јачина и звук со забец во аудиограмот, најчесто на фреквенција од 2000Hz до 6000Hz, а некаде и 8000Hz. Особата често пати се жали дека има зуење и бучење во увото која предизвикува несоница и при тоа мора да се пијат седативи за спиење, бидејќи навечер во тишина, tinitus-от највеќе се чувствува. Лекувањето на tinitus-от е долготрајна процедура и има повеќе варијанти на негово лекување.

Една од варијантите е поставување на слушен апарат кој би ја маскирал бучавата и особата би имала правилно слушање.

Друга варијанта е ласерски третмани кои можат директно да влијаат на tinitus-от, како на пример, ласерот Tinnimed за кој веќе Воената болница во Скопје има позитивни резултати од нивното испитување на таа тема и пишани материјали.

Трета вариjанта е витаминска терапија, со која, со помош на витамини се храни нервот и може да дојде до намалување на зуењето и да се подобри слухот.

== Моја препорака е: == правилна исхрана, земање на витамините од фамилијата “Б”, конзумирање на храна која содржи витамини, избегнување на кафе и цигари, и доколку се појави шум во некое уво задолжително да се јавите и да се консултирате со лекар специјалист по ОРЛ. Избегнувајте ја гласната музика и местата со голема бучава, а доколку веќе работите на едно од таквите места моја препорака е да си набавите филтри за уши кои ќе ја редуцираат бучавата. Доколку веќе имате загуба на слухот или зуење, задолжително да си набавите слушно помагало бидејќи доколку навреме не се постави помагалото слухот ќе продолжи да опаѓа и кога ќе дојде до стадиум на огромна загуба рехабилитацијата ќе биде многу тешка.