Тивкиот чекач (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тивкиот чекач

Тивкиот чекач - роман на Драган Стојановски од 2012 година, како издание на „Слово Љубве“. Романот е психолошки трилер сместен во времето на македонската транзиција од социјализам во пазарно општество. Комплексна приказна со многу социјални мотиви. Жанровски трилер, со политика во заднина, почнува со пронаоѓање на загинат работник на пропадната фирма. Набргу започнува вртоглава акција во која се вмешуваат разни фактори.

Приказната тече околу битката да се оправи сопствениот живот и да се достигне „постигната цел“ ниво, местото за кое се верува дека е седиште на внатрешниот мир, а која ја водат еден припадник на старо владеачко семејство, еден доживотен комунист и главниот лик, Леонид Костурски. Тројца кандидати за една шанса, во услови кога нерешен резултат не возможен.

Леонид е измислен син на Македон Димитровски, кој е вистински, жив човек. Македон како дете морал да биде изнесен од Грција затоа што татко му не сакал да му даде друго име. Неслушнатата историја на ова семејство е еден од мотивите кои го создаваат заплетот во книгата која ќе сведочи за состојбата во Македонија во периодот во кој е напишана.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]