Тврда научна фантастика
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Tврда научна фантастика (hard science fiction) е поджанр на научната фантастика (НФ) во кој авторот строго се држи до познатите научни сознанија, а шпекулира само за оние области за кои нема утврдени научни вистини. Во текстот доминираат теми поврзани со природните науки.
Писателите на тврда научна фантастика обично се трудат нивните стории да бидат во согласност со познатата наука во времето на објавување, што исто така значи дека за подоцнежната публика нивното знаење ќе биде очевидно некомплетно. Така на пример, некои постари дела опишуваат космонаути кои по Венера шетаат во обични алишта. Дури кога дејството на дела од тврдата научна фантастика е лоцирано во алтернативни универзуми во кои важат други закони на физика, авторите се обидуваат да создадат множество физички закони кое ќе биде интерно конзистентно.
Ова е во директна спротивност на поджанрот вселенска опера, каде законите на физиката воспоставени со приказната се применуваат неконзистентно, а наизглед нерешливи ситуации често се решаваат со откровенија на претходно непознати особини на воспоставената технологија во стилот deus ex machina. Озлогласен пример на ваква пракса е Ѕвездени патеки. Непишано правило на тврдата НФ е дека нарушувањата на тековно познатите закони на физиката треба да се држат на минимумот неопходен за одржување на нарацијата, доколку авторот пишува конзистентно за нив.
Автори на тврда HФ [уреди]
Најпознати автори на тврда научна фантастика се:
- Жил Верн
- Херберт Џорџ Велс
- Исак Асимов
- Артур Кларк
- Грег Бер
- Дејвид Брин
- Мајкл Крајтон
- Хери Херисон
- Роберт А. Хенлеин
- Станислав Лем
- Лери Нивен
- Ким Стенли Робинсон
- Карл Саган
- Аркадиј и Борис Стругацки