Столбовите на небото (филм од 1956)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Столбовите на небото (англиски: Pillars of the Sky) - американски филм од 1956 година, во режија на Џорџ Маршал (George Marshall), според сценариото на Сем Ролф (Sam Rolfe), засновано врз романот на Хек Ален (Hecka Allena). Главните улоги ги толкуваат: Џеф Чендлер (Jeff Chandler), Дороти Мелоун (Dorothy Malone), Ворд Бонд (Ward Bond) и Кит Андес (Keith Andes), а во една епизодна улога се појавува и Ли Марвин (Lee Marvin).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Орегон, во 1868 година. По прифаќањето на христијанството, индијанските племиња живеат мирен живот, најмногу благодарение на мисионерот Џосеф Холден (го игра Бонд). Меѓутоа, откако се најавува изградба на железничка пруга низ индијанската територија, главатарот Камијакан отворено го изразува своето незадоволство, а наредникот Емет Бел (го игра Чендлер) доаѓа со задача да го сочува мирот меѓу Индијанците и доселениците...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]