Стеван Којчинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стеван Којчинов
Роден 1924 година
Чучер, Скопје, Македонија
Починал 9 ноември, 1944 година
Качаничка Клисура, Скопје, Македонија
Почивалиште Чучер, Скопје, Македонија

Стеван Цветков Којчинов ( 1924 во Чучер, Скопско9 ноември 1944 во Качаничка Клисура, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Стеван Којчинов

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во родното село. Уште пред да и пристапи на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со своите соселани се борел против балистичките банди што доаѓале во неговото село да го ограбуваат.[1] Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, меѓу првите стапил во нејзините редови и учествувал во секојдневните борби против балистите. Учествувал во борбите и против германските моторизирани колони, кои од Грција се повлекувале по Качаничката Клисура. Во една борба против балистите, на 9 ноември 1944 година, храбро загинал кај Глушка Каменица. Бил закопан во своето родно село, Чучер.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 204. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 94–95. ISBN 9989-35-022-1.