Соседната куќа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Соседната куќа
220px
Ништо не е како што изгледа
Жанр Трилер, Aкција, Криминал
Формат Теленовела
Создадена од Хосе Игнасио Валенсуела
Развиена од Telemundo Studios, Miami
Режирана од Луис Мансо
Рамиро Шварц
Настапуваат Марица Родригез
Габриел Порас
Катерин Сијачоке
Мигел Варони
Давид Чокаро
Композитор на насловна тема Тулио Кренисини
Најавна песна Инстументална музика
Одјавна песна Suspense theme
Земја на потекло САД
Јазик Шпански, Англиски
Број на епизоди 165[1]
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Аурелио Валкарсел Карол
Давид Посада
Продуцент(и) Хаиро Арсила
Уредувач(и) Рамиро Пардо
Локаци(ја/и) Мајами
Камера Multi-camera
Времетраење 41-44 minutes
Емитување
Канал на емитување Telemundo
Формат на слика HDTV 1080i
Аудио формат Stereophonic sound
Емитување 31 Мај, 2011 – 23 Јануари, 2012
Хронологија
Претходена од Кралицата на југот
Проследена од Опасни врски[2]
Поврзани серии Соседната фамилија
Официјална Веб-страница

Соседната куќа (La casa de al Lado) e теленовела на шпански јазик продуцирана во САД од страна на Телемундо. Оваа теленовела е римејк од чилеанската теленовела Соседната фамилија продуцирана од страна на TVN во 2010-2011 и е адаптирана од страна на авторот на оригиналот, Хосе Игнасио Валенсуела правејќи подолга приказна од оригиналот. Марица Родригез и Габриел Порас настапуваат како протагонисти, додека пак Катерин Сијачоке, Мигел Варони, Давид Чокаро и Марица Родригез (која толкува двојна улога) настапуваат како антагонисти.


Синопсис[уреди]

"Соседната куќа" е теленовела каде што има многу неизвесност, каде што смртта е двигател на ланец на интриги помеѓу две фамилии. Сите чуваат по некоја голема тајна која ќе предизвика да се сомневаме во сите. Во оваа приказна, не се знае кој лаже или кој ја кажува вистината, кој се добрите или кој се лошите и на кој може да му се верува а од кој треба да се плашиме. Ренато Конде е просперитетен и богат бизнисмен кој знаел да се движи многу добро во светот на бизнисот. Неговото име е синоним на моќ, богатство и интелигенција. Тој и Ева, неговата сопруга, се горди на својата фамилија односно на Игнасиа, Емилио и Карола, нивните три деца. Пилар Аризменди, една слатка и прекрасна жена е мажена со Хавиер Руиз, еден ладнокрвен и лош човек кој сака се да биде под негова контрола, па дури и животот на неговата сопруга. Хавиер е адвокат на фамилијата Конде веќе многу години, и има две деца заедно со Пилар, Андреа и Диего. Гонсало Ибањес е адвокат, кој набргу се заљубува во Игнасиа и се жени со неа. По свадбата, Гонсало се сели во куќата на фамилијата Конде, и таму започнува да открива тајни дотогаш непознати за него. Имено, тој е вториот сопруг на Игнасиа, која пред само неколку месеци останала вдовица кога нејзиниот прв сопруг Адолфо, починал во чудни околнонсти. Исто така, Гонсало дознава дека во куќата на Конде живее и Леонардо, братот близнак на Адолфо кој всушност е инвалид. Со тоа откритие, Гонсало сфаќа дека ништо не е како што изгледа во таа куќа, и дека тој ќе треба да ја открие вистината што се наоѓа зад мистериозната смрт на Адолфо. Дознава дека сите што го опкружуваат се осомничени, и колку повеќе се обидува да дознае што се крие зад "несреќата" која го зела животот на Адолфо, толку повеќе сфаќа дека сите кријат по една многу добро чувана тајна.

Ликови[уреди]

Главни ликови

Актер Лик
Марица Родригез Пилар Аризменди де Руиз / Ракел Аризменди
Габриел Порас Гонсало Ибањез / Ињаки Мора / Роберто Акоста -
Катерин Сијачоке Игнасиа Конде Спенсер
Мигел Варони Хавиер Руиз
Хорхе Луис Пила Матиас Санта Мариа Уртадо
Анхелика Мариа Сесилиа Аризменди
Давид Чокаро Адолфо Акоста / Исмаел Мора - Леонардо Акоста / Иван Мора
Даниел Луго Ренато Конде
фелисија Меркадо Ева Спенсер де Конде
Карла Монроиг Ребека Аризменди
Хенри Зака Игор Мора
Орландо Фундичели Себастиан Андраде
Химена Дуке Карола Конде Спенсер
Софиа Лама Илда Гонзалес де Конде
Росалинда Родригез Карен Ортега
Габриел Валенсуела Емилио Конде Спенсер
Хектор Фуентес Нибалдо Гонзалес
Вивијан Руиз Јоланда Санчез
Алехандра Помалес Андреа Руиз Аризменди
Андрес Котрино Диего Руиз Аризменди


Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Telemundo 2010-2011 telenovelas Шаблон:Telemundo 2011-2012 telenovelas

http://en.wikipedia.org/wiki/La_Casa_de_al_Lado{{Infobox television