Смилка Здравковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Смилка Пенкова)
Смилка Здравковска
Родена Смилка Здравковска
14 јануари 1947
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонка
Занимање математичарка
Татко Петар Здравковски
Мајка Здравка Здравковска

Смилка Здравковска (Скопје, 14 јануари 1947) — македонска математичарка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Скопје на 14 јануари 1947 година. Неколку пати била победник на градските и републичките натпревари по математика. Во 1964 година била во југословенскиот тим на Шестата меѓународната олимпијада по математика во Москва[1]. Дипломирала на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ во 1969 година, а докторирала на Манчестерскиот универзитет во 1973 година на тема „Тополошки објекти во теоријата на хомотопијата“. Во 1978 година била избрана за вонреден професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[2][3]

Во својата научна кариера објавила трудови во областа на топологијата, теоријата на категориите и историјата на математиката. Во 1980 година била уредник на списанието „Mathematical Reviews“. Особено е заслужна за развојот на топологијата во Македонија.[2][3]

Соуредник е на книгата Golden Years of Moscow Mathematics издадена во 1993 од страна на Американското математичко друштво и на Лондонското математичко друштво.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „International Mathematical Olympiad“. Посетено на 18. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Проф. д-р Смилка Здравковска“. Посетено на 18. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 565. ISBN 978-608-203-024-1.
  4. „Golden Years of Moscow Mathematics“. Посетено на 18.1.2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)