Слободан Трајковски (партизан)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Слободан Трајковски ( 1918 во Скопје1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно градско семејство. Завршил основно училиште, а подоцна работел како кондураџија. Во составот на XV македонски корпус заминал за Срем, каде завршил воена обука. Бил распореден во Артилериската бригада, во која се оформил како одличен артилерец. Со Бригадата ја доживел и најголемата победа на македонските дивизии при заземањето на Славонска Пожега. Во таа славна борба, храбро загинал во април 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 150. На |first= му недостасува |last= (help)