Скопје ист гејт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скопје ист гејт
Карта
МестоСкопје, Македонија
ИзведувачSkopje East Gate Company
СопственикГрупација „Балфин“
АрхитектКерем Јазган
Мреж. местоeastgate.mk/

Скопје ист гејт — компанија која развива и управува со недвижности во рамки на истоимениот проект „Скопје ист гејт“ — планиран трговски центар, станбен комплекс и деловен парк во Скопје, Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Скопје ист гејт е дел од приватната инвестициска групација „Балфин“ која од основањето во 1993 година е активна на полето на недвижности, малопродажба, минерална индустрија, туризам, земјоделство, енергетика, услуги и инвестиции.

По изградбата на Скопје сити мол, ова е втор проект од областа на недвижностите на групацијата „Балфин“ во Македонија. Подоцна, во октомври 2015 година „Балфин“ го продаде Скопје сити мол на британската компанија Hystead Limited, која е во заедничка сопственост на Hyprop Investments Limited и PDI Investment Holdings Limited.[1]

Останати регионални, позначајни проекти на „Балфин“ се: двата трговски центри во Тирана (Tirana East Gate и QTU), Тирана лоџистик парк (Tirana Logistic Park), резиденциите Rolling Hills and Ambasador III, како и туристичките ресорти Vala Mar Residences и Green Coast.

Проект „Скопје ист гејт“[уреди | уреди извор]

Проектот Скопје ист гејт е проект за недвижности со различна намена кој содржи трговски центар (53.000 метри квадратни), станбен комплекс со 1.600 апартмани (104.000 метри квадратни), деловен парк (66.000 метри квадратни) и јавни површини за потребите на резиденцијалниот дел. Овој проект се наоѓа во источниот дел на главниот град Скопје, на пет минути од централниот градски плоштад.

Трговскиот центар ќе содржи повеќе од 250 продавници, 2.000 паркинг-места, како и забавни содржини.

Станбениот комплекс на Скопје ист гејт ќе содржи 10 станбени објекти со над 1.600 станови, како и зелен појас и рекреативни зони за идните станари.

Се очекува целиот проект да се изгради во период од пет до седум години со вкупна инвестиција од околу 350 милиони евра.[2]

Турскиот архитект Керем Јазган ги создаде архитектонскиот дизајн и стратегијата за планирање на просторот која произлегува од идејата за линеарност.[3]

Прва фаза[уреди | уреди извор]

Изградбата на проектот ќе се комплетира во неколку фази во рок од седум години. Во првата фаза е предвидена изградба на трговскиот центар и половина од планираниот станбен комплекс. Трговскиот центар во Скопје треба да се отвори во есен 2021 година.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]