Сијамска мачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сијамската мачка е првата која се разликува од другите раси на ориенталната мачка. Точното потекло на расата е непознато, но се верува дека е од Југоисточна Азија, и дека потекнуваат од исплашените мачки од храмовите од Сиам (денешен Тајланд). Во Тајланд, се едни од неколкуте природни раси на мачки, наречени „Вичин мат“- име што значи „месечев дијамант“. Во 20-тиот век, сијамската мачка стана една од најпопуларните раси во Европа и Северна Америка.

Историја[уреди]

Обоената мачка, позната на Западот како “Сијамска “ е една од неколкуте видови на мачки од Сиам опишани и илустрирани во ракописите наречени „Тамра Миу” (Поеми за мачки), кои изгледа се напишани во 18 век. Често се велеше, дека таа раса на мачка за прв пат е видена надвор од Азија во 1884, кога британскиот Конзул-Генерал во Бангкок , Едвард Бленкау Гулд (1847-1916), ù однесе во Британија расен пар на мачки, По и Миа, како подарок за неговата сестра, Лилиан Џејн Велеј (Велеј е ко-основач на „Клубот на сијамската мачка“ во 1901година). Меѓутоа, во 1878 година, американскиот претседател Рутерфорд Б. Хејс добил “Сијамска мачка” подарок од американскиот Конзул во Бангкок ; оваа мачка е првата документирана сијамска мачка која достигнала до Соединетите Американски држави и ù претходи на сијамската мачка која што за прв пат била во Обединетото Кралство по шест години. Во 1885, мачките на Велеј, По и Миа, добиа три сијамски маченца. Трите маченца –Дуен Њаи , Калохом и Кромата – и нивните родители биле покажани истата година на лондонското шоу во „Кристал Палас“ каде што нивниот уникатен изглед и различно однесување оставиле голем впечаток. Но за жал, сите три мачиња умреле брзо после шоуто. Причината за нивната смрт не е позната.

Во 1886 година, друг пар(со маченца) бил увезан во Британија од г-ѓа Вивијан и нејзината сестра. Во спредба со британската кратко-влакнеста и персиска мачка , мачки кои им биле познати на повеќето Британци, овие Сијамски мачки имале подолги тела и помала шареност, немале многу округли глави и биле со клинести муцки и големи уши. Овие разлики и посебната обоеност на крзното, кое претходно Западњаците го немале видено, предизвика силен впечаток –дури и еден набљудувач ги опишал како „неприроден кошмар од мачка”. Овие впечатливи мачки, исто така освоиле многу посветени обожаватели и во наредните години љубителите на мачки увезале мал број мачки , кои заедно го формираат основната база за размножување на целата раса во Велика Британија. Се верува дека повеќето сијамски мачки денес во Велика Британија се потомство од единаесетте од овие оригинални увезувања. Неколку извори го посочуваат братот на Гулд, Овен Нуткоб Гулд(1857-1929) како британски Конзул-Генерал во Банкгкок, но Oвен бил само 27 годиниво 1884 година, и непопуларен во Бангкок. Во раните денови во Велика Британија биле наречени „Кралската мачка од Сиам” кое покажува дека претходно тие биле чувани само сијамското кралство. Понатамошното истражување не покажало доказ за некоја организирана кралска програма за размножување во Сиам.

Модерен развој[уреди]

Иако овој квалитетен примерок е прикажан од 1960 година, има релативно модерни карактеристики, стандардот на расата бил поставен за модерната сијамска мачка, со неговото „нежно, долго и грациозно” тело, долга глава која е во правилна линија од ушите до тесната муцка, „големи и изострени уши, широки во основата и опашка „долга и заострена”.

Во 1950-1960-тите години, со зголемување на бројот на сијамските мачки, многу одгледувачи и судии од шоу за мачки започнале да преферираат повиток изглед на мачка и како резултат на генерациите од селективното размножување, се создадени се подолги, тесноглави мачки; на крајот сијамските мачки биле одгледувани за да бидат екстремно долги, со тенки цилиндрични тела , долги витки нозе, многу долга опашка која постепено потемнува, долги, тесни, клинести глави на врвот со исклучително големи широки уши. Најголемата организација за мачки го измени јазикот и/или толкувањето на нивните официјални стандарди за одгледување, во корист на новиот модерен тип на сијамски мачки, и малкумината одгледувачи кои останеле со првобитниот стил, нивните мачки не биле повеќе конкурентни во шоуто. Околу средината на 1980-та, мачките со првобитниот изглед не се појавувале во шоуто за мачки , но неколку одгледувачи, особено во Велика Британија, продолжиле со нивното одгледување и регистрирање , кое денес до двата видови на сијамски –модерната “шоу стил” сијамска , и “традиционалната” сијамска мачка, и потекнуваат од исти далечни предци, но со неколку или без заеднички нови предци . Во доцните 1980-ти, одгледувачи и обожаватели на стариот стил на сијамските мачки се организирале со цел да ја заштитат старата , генетски здрава линија од изумирање; со подучување на јавноста со историјата на расата, и да овозможат информација каде луѓето можат да купат маченца од помодерниот тип. Се развиле неколку различни организации за одгледување на мачки, со различни стандарди за одгледување и барања(како што се, дали мачките мораат или не мора да имаат документиран доказ за потеклото од меѓународно признат регистар). Делумно, поради таквите несогласувања , име неколку различни имиња кои се користат за мачките, вклучително традиционална сијамска, стар стил сијамска, класична сијамска и јаболко-главеста сијамска мачка. (првобитното грдо име на оваа мачка го смислиле одгледувачите на модерниот тип на сијамската мачка поради не толку клинестиот облик на главата). Популарноста на стариот изглед на телата исто така доведе до вкрстување на раси на мачки кои можеби имаат или немаат сијамски предци и се продавани како традиционални сијамски на неинформираните купувачи, за понатаму да не се знае каков е вистинскиот изглед на сијамската мачка.

Две годишна сијамска мачка со темно кафени врвови на стапалата и лицето

Меѓународниот сојуз на мачки (ТИЦА), во врска со категоријата на регуларната сијамска раса во која е преставена, модерната„шоу стил“ сијамска мачка сега е раса во прелиминарната нова категорија наречена „Таи“, слична со Таикаце кои се видени во Европа. Таи на ТИЦА е призната и вклучува сијамски мачки од помалку екстремен тип или „Вичин мат“ увезени од Тајланд. Таи e исто призната од „Светската федерација на мачките.“ Таи се првобитниот тип мачки од Тајланд, донесени во Америка на 3 Јануари 1879 година како подарок од Американскиот конзул во Бангкок за сопругата на Претседателот, г-ѓа Луси Веб Хејс.

Опис[уреди]

Појава[уреди]

Модерна шарена сијамска мачка со крзно како рис

Овој вид на модерната сијамска мачка е со елегантно, тенко, флексибилно и мускулесто тело. Нејзината глава е во триаголна форма, со тенка муцка. Очите се како бадеми и се закосени, ушите се големи и тенки. Има долг врат, тело и опашка. Крзното е кратко, сјајно, мазно, меко и е прилепено на телото. Овие сијамски мачки се специфични со својата специфична шема на бои по деловите од телото. За ваквата обоеност на телото на мачката делумно е присутен албинизам, кој што настанат како резултат од мутација на тирозиназа, ензим кој е составен дел при производството на меланин. Кога ензимот мутира станува чувствителен на топлина; опаѓа на нормална телесна температура, но станува активен во поладни делови од кожата на телото. Ова резултира со темно обојување на најладните делови од телото на мачката, вклучувајќи ги екстремитетите и лицето, кои се ладни поради струењето на воздухот преку синусите. Сите сијамски маченца, било да се кремасти или бели при раѓање, во првите неколку месеци кога се развиваат се забелешуваат потемни бои во постудените делови од нивното тело. Кога мачето е само четири недели старо, обоеноста на врвовите на стапалата и лицето е толку јасна што може веднаш да се препознае каква ќе им биде бојата на телото. Сијамските мачки со текот на стареењето стануваат потемни, и воопшто постарите сијамски мачки кои што живеат во топли предели имаат посветло крзно од оние кои живеат во предели каде климата е студена. Најголем дел на сијамски мачки имаат исклучително темно кафени, речиси црни врвови на стапалата и лице, но понекогаш сијамските мачки се родени со сини (светло сиви) врвови на стапалата и лице, генетско разредени од темно кафените; чоколадни (посветла кафена боја) врвови на стапалата и лице, генетска варијација од темно кафените; или нежни бледо сиви врвови на стапала и лице, кои што се генетски разредени од чоколадните. За овие бои прво се мислеше дека се "инфериорните" темно кафени дамки, и не беа квалификувани за прикажување или за размножување. Сите овие нијанси беа прифатени од здруженија на раси за мачки и станаа почести преку програми за размножување посебно наменети за остварувањето на овие бои. Подоцна, се развиени сијамски мачки измешани од друга раса на мачки со други бои и шари, вклучувајќи со крзното со боја како пламен, крзно како на рис (шарена мачка), и шарена мачка. Во Обединетото Кралство, сите стилски сијамски мачки се сметаат за дел од сијамската раса. Во САД, главниот регистар за мачки, „Здружението за љубителите на мачките“ признава само четири оригинални обоености за сијамски: темно кафено обоени, светло сиво обоени, чоколадно обоени и бледо сиво обоени на екстремитетите и главата. Ориенталните мачки со обоеност во бои или шари различни од овие четири вида се сметаат за „Обоени мачки си кратки влакна“ во американската мода за мачки.

Оваа сијамска мачка е со крив (шашлив) поглед, особина што е вродена.

Многу сијамски мачки од Тајланд имаат грчеви во опашките, но со текот на годините оваа особина, ја разгледуваат одгледувачите и во голема мера се обидуваат да ја искоренат, иако сè уште постои кај уличните мачки во Тајланд. Многу поодамна сијамските мачки имале криви (шашливи) очи и абнормалното невкрстување на нервите во оптичката хијазма, кој е резултат на истиот албино алел кој произведува обоеноеност на одредени места од телото. Како со грчевите при движењето на опашките кај мачките, така и на кривите очи се внесуваат напори како да се проучи и искорени преку селективно одгледување, и затоа оваа особина не е присутна во денешно време. Тајландската или традиционалната сијамска мачка дели одредени карактеристики со модерната сијамска мачка (на пример, бојата, изгледот), но се разликува од неа поради заоблениот облик. Таа има поиздолжено тело и глава како јаболко, со големи и заоблени образи, помалечка муцка, со поголеми уши, но не огромни. Очите се со средна големина, со правилна форма на бадем, но не ориентални.

Темперамент[уреди]

Модерни сијамски мачиња

Сијамските мачки се приврзани и интелигентни, познати по нивната друштвена природа. Уживаат да бидат со луѓе и понекогаш се опишуваат како „друштвена“ мачка. За разлика од овие друштвени сијамски мачки постојат и некои кои се многу чувствителни и диви. Овие поединци не можат лесно да се адаптираат на промените на животната околина или на странци. Но, тие многу сакаат да се дружат со луѓето. Често пати се цврсто врзани за еден човек. Повеќето сијамски мачки сакаат да си играат и со други мачки, тие не се само мачки кои преставуваат сопственост на луѓето. Сијамските мачки се исклучително гласни, со бучен а истовремено, низок глас - познат како "Мезер", од кој тие добиле еден од нивните прекари - кој се споредува со плачот на бебе, и сакаат да привлекуваат внимание. Овие мачки се активни и сакаат да си играат дури и кога ќе остарат. Дрштвеноста на сијамските мачки е поврзана со нивната слаба способност да не бидат зависни од луѓето. Сијамската обоеност на крзното е привлечна за луѓето, но е неефикасна за камуфлажни цели. Тие се помалку активни во текот на ноќта за разлика од други мачки, можеби затоа што нивните сини очи немаат „tapetum lucidum“, структура која ја засилува бледата светлина во очите на другите мачки. Мутацијата во тирозиназа исто така, предизвикува абнормални невролошки врски меѓу окото и мозокот. За разлика од многу други синооки бели мачки, сијамските мачки имаат добар слух. Глувоста која што понекогаш се случува кај целосно белите мачки е резултат на генетиката која предизвикува губење на пигментот во кожата, која нема никаква врска со генот на тирозиназата кој што кај сијамските мачки ја создава бојата. Поради нивната голема зависност од луѓето сијамските мачки живеат и денес.

Раси добиени од сијамски мачки[уреди]

Возрасна балинезиска мачка (сијамска мачка со долго влакно)
  • Балинезиска – Сијамска мачка со долги влакна. Во најголемиот американски регистар, „Здржението за љубители на мачката“(ЦФА), кои се ограничуваат само на традиционалните четири бои на обоеноста на врвовите на стапалата и лицето на сијамската мачка се темно кафената, сина (разредена сива), чоколадна, и бледо сивата (разредена од чоколадната). Други регистри во САД и во светот признаваат поголема разновидност на бои.
  • Бурмански- е раса на домашни мачки која потекнува од една посебна мачка ", Вонг Мау", која беше пронајдена во Бурма во 1930 година од д-р Јосиф Чесман Томпсон. Таа беше однесена во Сан Франциско, Калифорнија, каде што беше одгледувана заедно со сијамска мачка. Иако вистински не потекнува од сијамска, расата се смета за форма на сијамска за многу години, што доведе до вкрстување на животните (мачките).
  • Шарена мачка со кратко влакно – вид на Сијамска мачка регистрирана во ЦФА со шарени бои на крзното, за разлика од традиционалната ЦФА сијамска обоеност; првобитно развиена од спарување со други мачки со кратки влакна.Се смета за дел од сијамската раса во сите други здруженија за мачки, но во ЦФА се смета за посебен вид на мачка. Можат да постојат различни видови на мачка како, мачка со крзно како на рис и друг посебен вид на шарена мачка.
  • Хималајска – раса на мачка со долги влакна, главно е настаната од спарување на персиска со сијамска мачка или со домашни мачки кои имаат обоени врвови на стапала и лице и се со долги влакна, сè со цел да се задржат обоените делови од телото и чоколадната и бледо сивата боја на влакната. Овие првични спарувања беа користени за да не се мешаат боите, а понатамошното создавањето на расата беше направено со спарување само со мачки од персиска раса. Во Европа тие се наведени како обоени персиски мачки. Во ЦФА постои, поделба на бојата од расата персиски мачки.
  • Бомбалиска мачка - исклучително редок нов вид настанат од бомбејската мачка и сијамска. Тие се ограничени на на темно кафена обоеност, со црвена (портокалова) обеност и со црна обоеност.
  • Светло сиво обоена - телото е со светло сива и со нијасни на посветла сива боја на стомакот и градите. Нивните стапала и лица се темно сивкави. Сите сијамски мачки имаат темно- кафена обоеноста на стапалата и лицето. За овој тип на сијамски е важно тоа што, тие се родиле со светло сива обоеност наместо со темно кафена, па оттука и името светло сиво обоени сијамски мачки.
  • Јаванска – вид на шарена мачка со долги влакна во ЦФА. Во Европа, тоа е застарен термин за вид на мачка со долги влакна на типо ориентални мачки со кратки влакна.
  • Оцикет- мачка настаната со спарување на сијамска со абисиниска мачка.
  • Ориентална мачка со кратко влакно - сијамски стил мачка со необоени делови од телото, кои имаат линии низ телото, имаат цврсто тело, се со сребрено- пепеласта боја.
  • Ориентална мачка со долги влакна- мачка со долги влакна од видот на ориентална мачка со кратки влакна.
  • Сноушу- раса со кремаста и бела боја на телото со сини очи, со неколку шари кои настанале со спарувањето на сијамска и двобојна американска мачка со кратки влакна, во 1960 година.
  • Тајландска мачка- наречена и Вичин мат или стар стил на сијамска мачка, привобитен вид на сијамска увезен од Тајланд во 19-от век и сè уште постои во Тајланд, во првата половина на 20 –от век, единствениот вид на сијамска мачка на Западот. Таикаце.
  • Тонкинеска мачка- првично настаната со спарување на сијамска со бурминска мачка. Со спарување на тонкинеска со тонкинеска може да се роди со шара на бурминска мачка, типична сијамска, или тонкинеска „ визон“ шара, која малку личи на сијамска, но многу повеќе на бурминската, и е со сини очи.