Системи за управување со знаења

Од Википедија — слободната енциклопедија

Систем за управување со знаења (СУ - Систем) во општ случај (и најчесто, информатички засновано) е систем за управување со знаења во организации, наменет за создавање, прегледување, чување и јавно или полујавно публикување на информација. Може, но и не мора да содржи дел (не е неопходен, но не е ниту вишок) на иницијатива за Управување со знаење.

Основна идеја на еден Систем за управување со знаења е корисниците на системот да имјаат готов пристап кон потребна информација која е документирана во базата на факти, кон изворот на таа информација, и евентуални решенија - доколку се работи за проблем. Еден типичен проблем кој ќе го оправда постоењето на СУ - систем е следниот: еден инженер го знае металуршкиот состав на легура која го снижува звукот кој го произведува машина чиј дел е оваа легура. Дистрибуцијата на оваа информација кон сите вработени може да придонесе за изработка на ефикасни, помалку бучни машини, затоа што сите кои го користат системот ќе ја имаат информацијата за легурата, а воедно информацијата може да биде надградена од другите корисници на ова дистибуирано знаење.

СУ - Систем би можел да биде секој од следните:

  1. Секоја технологија која овозможува размена на документи, а притоа, постои Администратор (или Администратори) кои дозволуваат создавање, користење, промена или делење на документацијата.
  2. Систем заснован на Онтологија/Таксиномија: овие се слични на техногијата на рамена на документи, но во смисла на терминологија на систем (на пр. Онтологија), а се употребуваат за да се воопштат податоци од документ како Автор, Тема, Организација и слично.
  3. Системи кои обезбедуваат мрежни мапи на некоја организација, и кои најчесто имаат и опишан тек на комуникацијата меѓу ентитетите на еден систем.