Силница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Приказ на електрично поле околу позитивно (црвено) и негативно (сино) електричен набој.
Магнетното поле е простор околу природни и вештачки магнети и во нив, во кој делуваат магнетни сили.

Силници или силови линии — замислени линии, со или без стрелки, кои претставуваат различни својства на физичките полиња. Силниците се протегаат во насока на делување на силите, а нивната густина ја опишува јачината на полето. Тие се нормални на еквипотенцијалните површини. Линиите на конкретни електрични и магнетни полиња може да се исцртаат со помош на стаклена прашина или железни струготини.[1]

Силници на електрично поле[уреди | уреди извор]

Силниците на електрично поле се замислени насочени линии кои излегуваат од позитивните електрични полнежи и завршуваат со негативни електрични полнежи, а со својата густина и облик ја покажуваат насоката и јачината на електричното поле во некој дел од просторот.

Силници на магнетно поле[уреди | уреди извор]

Силниците на магнетно поле се замислени затворени криви (немаат почеток или крај) кои со нивниот облик и густина ја покажуваат јачината на магнетното поле во одреден дел од просторот.

Силници на гравитациско поле[уреди | уреди извор]

Силниците на гравитациско поле се замислени насочени линии кои доаѓаат од бесконечноста и навлегуваат во масата, а со својата густина и облик ја покажуваат насоката и јачината на гравитациското поле во некој дел од просторот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. silnice, "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2017.