Св. Катерина, девица и маченичка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Св. Катерина, девица и маченичка - католичка светителка.

Житие[уреди | уреди извор]

За св. Катерина постојат повеќе легенди. На пример, според една од нив, кога Максимин Даија, службеник на римскиот цар Диоклецијан, дошол на власт во африканските римски провинции, одлучил да се разведе од својата сопруга и да се ожени со Катерина, но младата христијанка го одбила. Тогаш, тој ја соочил со педесетина филозофи, со цел да ја убедат дека Исус Христос, кој умрел распнат на крст, не може да биде Господ. Меѓутоа, св. Катерина, одликувајќи се со голема говорна вештина, успеала да ги побие и тие го признале Исус за Господ.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Верски календар“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 25.