Сајоко Ери

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сајоко Ери (јули 19, 1945 - октомври 3, 2007) била јапонска кирикане уметница. Таа е една од Живите национални богатсва на Јапонија, и член на Јапонската Когеј Асоцијација. Нејзиниот сопруг е вајарот Кокеј Ери. Нејзината ќерка е исто така кирикане уметница - Томоко Ери. Нејзиниот син е уметникот Наоки Ери.

Биографија[уреди | уреди извор]

Кирикане дела во Државната куќа за гости во Кјото од Ери Сајоко
Кирикане дело во Државната куќа за гости во Кјото од Ери Сајоко

Родена е во семејство на јапонски везачи. Го научила јапонскиот стил на сликање и на боење. Таа започнала да се заимава со кирикане во 1974 година, откако се омажила за Кокеи Ери, вајар на Будистички слики. Откако ја научила оваа вештина, таа имала обид да го прошири својот опсег како уметник, активно користејќи ја техниката кирикане не само за традиционалните будистички слики, туку и за модерните ракотворби. Нејзините дела вклучуваат предмети како што се кутии, послужавници, садови за темјан, садови за зелен чај во прав, плакети, украси на ѕидови, преклопни екрани и разделувачи на простории.

Таа ги изложувала своите дела на приватни и на јавни изложби. Ја освоила Наградата на Претседател на Јапонската асоцијација за уметнички занаети, главната награда на изложбата, во 1991 година и Меморијалната награда на Принц Такаматсу во 2001 година. Учествувала во украсувањето на Државната куќа за гости во Кјото.

Таа била почестена како важен нематеријален културен имот, исто така познат како Живо национално богатство (Јапонија), на 8 јули 2002 година, за нејзината експертиза и придонеси во кирикане.

Ери Сајоко починала неочекувано на 3 октомври 2007 година, на 62-годишна возраст, во Амјен, Франција.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда на 14-то Јапонско здружение за уметнички занаети на изложбата на јапонски традиционални уметнички занаети во областа Кинки за „Октагонална кутија, фантазија на пеперутки“ во 1985 година
  • Наградата Асахи Шимбун на 6-та изложба на здружението за традиционална уметност на Нанабукаи занаетчиство за „Украсна мала кутија, расцутена“ во 1990 година
  • Претседателска награда на 38-то Јапонско здружение за уметнички занаети, на изложбата на јапонски традиционални уметнички занаети за „Украсна кутија, цветна уметност и елеганција“ во 1991 година
  • Награда на Јапонското здружение за уметнички занаети на 8-та изложба на здружението за традиционална уметност на Нанабукаи за „Украсна мала кутија, убав момент“ во 1992 година
  • Наградата Нихон Кеизаи Шимбун на 22-та изложба на јапонските традиционални уметнички занаети во областа Кинки за „Украсна кутија, расцутен цвет“ во 1993 година
  • Комеморативна награда Такаматсуномија на 48-та изложба на јапонски традиционални уметнички занаети за „Украсна кутија, фантазија на патот на свилата“ во 2001 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Светот на Сајоко Ери Кирикане - брилијантност и романса на златен лист -ISBN 4-915857-59-X
  • Кирикане од Сајоко Ери, Цукуру (Создавање) 1 - Средби со 13 занаетчиски уметници, организирани од NHK (Nihon Broadcast Association9, 1990 година, од Japan Broadcast Publishing Co.ISBN 414009141XISBN 978-4140091418

Надворешни врски[уреди | уреди извор]