Сарамсаклии

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сарамсаклии - традиционално македонско јадење, типично за кривопаланечкиот крај.[1]

Состојки[уреди | уреди извор]

  • 1 маргарин за премачкување на тестото (помалку од еден е потребно)
  • 500мл јогурт или кисeло млеко (од прилика е мерката)
  • 1 чаша зејтин
  • квасец 1 коцка свеж или 2 пакетчиња сув
  • 1 мала лажичка сол
  • 700гр брашно (може и до 1кг ако се утне со водата и за набрашнување)
  • 300-400мл топла вода (зависи од брашното)

Може и да не се замесува брашно, туку да се користи готово лиснато тесто.

Начин на приготвување[уреди | уреди извор]

Брашното, квасецот и солта се ставаат во голем сад или на работната површина и убаво се мешаат. Јас си ги ставам во едно големо пластично со капак кое ми е згодно за месење и има капак, па таму и си стасува. Од како убаво ќе се измешаат сувите состојки, се додава зејтинот и се меша убаво, па се додава полека водата додека не се добие тесто кое нема да се лепи по раце, а ќе биде меко на допир. Се остава да стаса додека не стане двојно поголемо од колкушто било. Се замесува пак и по потреба се набрашнува за да не се лепи по раце. Се дели на мали топчиња и секое топче се расукува тенко(потенко од половина прст). Целата кора се премачкува со маргарин и се дипли на половина, па половината се премачкува и пак се дипли и така додека не се добие мало парченце со големина на дланка.

Малечкото парченце се сука додека не стане голема кора со дебелина од половина прст и со нож се сечат коцкички со големина од прилика 4х4. Од коцкичките се прави пакетче на тој начин што се собираат и лепат едно за друго краевите (ќошињата) и така се редат во намрсено тавче. Овде не се користи мрсна хартија бидејќи ќе се прелеваат пакетчињата.

Се печат во загреана рерна на 200 степени окулу 20-30 мин. Штом заруменат се прелеваат со смеса од кисело млеко или јогурт, неколку чешниња истолчен лук, сол по вкус и се враќаат внатре да се допечат уште 10ина минути.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]