Репортажа (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Репортажа“
Филмскиот плакат
Режисер
ПродуцентХулио Фернандес
Сценарист
  • Пако Пласа
  • Луис Бердехо
  • Жауме Балагеро
Главни улоги
КинематографијаПабло Росо
МонтажаДавид Гаљарт
СтудиоCasteleo
ДистрибутерFilmax
Премиера23 ноември 2007 (2007-11-23)
Времетраење78 минути[1]
ЗемјаШпанија Шпанија
Јазик
Буџет2 милиони долари[2]
Бруто заработка32,5 милиони долари[3]

Репортажа (шпански: REC) — шпански филм на ужасите од 2007 г. Филмот е ист како и познатите американски примери од жанрот (на пример, Вештерката од Блер, Кловерфилд, Дневник на живите мртовци или Паранормална активност) за документарно снимање: „тресечка камера“ е во рацете на еден од ликовите и снима сè што се случува. Стилизираната верзија на изворниот наслов на филмот — [REC] — се однесува на трепкачки знак на екранот на камерата што покажува дека снимањето е во тек.[4][5]

Филмот бил премиерно прикажан на 29 август 2007 г. Заработи 30.448.914 долари ширум светот. Ознаките на филмот се: „Еден сведок. Една камера“ и „Во живо од адот“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Новинарката Анхела Видал и нејзиниот снимател Пабло одат во една од противпожарните станици во Барселона за да снимаат прилог за животот на пожарникарите. Во текот на ноќта добиваат повик од жители на една зграда што пријавуваат чудни звуци што доаѓаат од еден од становите. Кога ќе пристигнат на местото на настанот, таму веќе ги чека полицијата и загрижените жители. Ја отвораат вратата и во станот затекнуваат многу агресивна старица, која каснува еден полицаец по вратот, додека друг фрла по скалите и го убива. Зградата веднаш е опколена од војската и претворена во карантин.

Анхела и Пабло решаваат да снимаат сè за да имаат доказ за тоа што се случува. Двајцата ги испрашуваат станарите за да добијат информации за потеклото на вирусот или да најдат начин незабележано да излезат од карантинот...

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Мануела Веласко Анхела Видал
Пабло Росо Пабло
Феран Тераса Ману
Давид Верт Алекс
Висенте Хил постариот полицаец
Хорхе-Јаман Серано Серхио
Карлос Висенте Гиљем Маримон
Марта Карбонел г-ѓа Искердо

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „[REC] | British Board of Film Classification“. British Board of Film Classification. Архивирано од изворникот 11 June 2015. Посетено на 19 May 2020.
  2. Hughes, Mark (October 30, 2013). „The Top Ten Best Low-Budget Horror Movies Of All Time“. Forbes. Архивирано од изворникот 27 December 2014. Посетено на December 27, 2014.
  3. „Rec (2007)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот 7 June 2011. Посетено на 2010-05-05.
  4. „Venice Film Festival - the films“. The Telegraph. 12 July 2007. Архивирано од изворникот 27 March 2020. Посетено на 22 June 2013.
  5. NF. „The 100 best horror films: the list“. Time Out. Архивирано од изворникот на April 25, 2014. Посетено на April 13, 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]