Разговор за предлошка:Инфокутија Комичар

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Прекар[уреди извор]

Зборот псевдоним би можел да се преведе и замени со помакедонскиот збор прекар. Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 11:00, 7 март 2016 (CET)[одговори]

Не баш, бидејќи кај писатели и еве тука кај комичари, мислам дека псевдоним е веќе воспоставена пракса да се нарекува така и некако нема блиско својство со нашиот збор за прекар. --Ehrlich91 (разговор) 11:40, 7 март 2016 (CET)[одговори]
Разликата е во тоа што под псевдоним може да се пишуваат и објавуваат авторски дела (има автори кои се познати само под псевдоними). Ова го пишав откако ја видов статијата за Тони Михајловски кому Шанац му е прекар, произлезен од улогата во ТВ серијата „Бумбари“, но не го користи како псевдоним. Во секој случај ако има можност може да стојат и двете како преводи, а да се користи во даден случај. (Пр. Бистришки е псевдоним, а Ѕинго е прекар, т.е. разликата меѓу термините е во тоа што револуционери и уметници твореле под псевдоними, а некои се познати во јавност под прекари) - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 12:18, 7 март 2016 (CET)[одговори]
Па да, таа е таа разлика, но навистина не те разбирам кога го спомнуваш Ѕинго или Тони Михајловски за Инфокутија Комичар кога за нив би се употребиле соодветни инфокутии за глумец и политичар? --Ehrlich91 (разговор) 16:06, 7 март 2016 (CET)[одговори]