Разговор:Црква „Св. Никола“ - Издеглавје

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Црква Св. Никола во Издеглавје[уреди извор]

Овде е погрешно внесена содржина која се однесува на црквата Свети Никола во Сошани. Треба да се избрише овој текст или да се пренеси на страницата за селото Сошани со поправка на техничките грешки.

Што се однесува до црквата Св. Никола во Издеглавје треба да се каже дека е таа стара црква која се наоѓа на околу 1 километар северно од селото Издеглавје, во месноста Зглавница или Старо Село, каде што се претпоставува дека тука била локацијата на Главеница, во која престојувал Свети Климент Охридски.Археолошките остатоци (темели од ѕидишта и фрагменти од керамика) покажуваат дека тука имало населба. Во таа населба била изградена и малата, еднокорабна црквичка Свети Никола, која подоцна е обновена од жител на селото Издеглавје (Ване Димоски). Оваа црква во 1845 година ја посетил рускиот филолог и професор на Казанскиот универзитет - Виктор Григорович, кој ја барал локацијата на Главеница, меѓутоа ништо значајно не открил, а црквата била доста запуштена, со голи ѕидови. Значи таа црква е изградена многу порано, па заради тоа со рекогносценција е прогласена за археолошки локалитет од средниот век со некропола. Црковниот празник е свети Никола, летен, кога кај црквата се одржува црковно-народен собор, а кумот на црквата за тој ден дава ручек за сите гости. Ozdolen (разговор) 01:55, 26 април 2024 (CEST)[одговори]