Разговор:Прв устав на Македонската револуционерна организација

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Тезата за „БМОРК“[уреди извор]

Статијава има потреба од нов поднаслов, и нова поставеност. Тезата за „БМОРК“ е само теза, а не факт, и тоа треба да се разгледува посебно. Освен тоа, некои наводи се „извадени од ракав“, т.е. немаат никаква врска со напишаното, со податокот што го „поткрепуваат“. Тие треба да се исфрлат.

Тезата за „БМОРК“ не е факт, и не може во статијата да се претставува како факт. Самата статија вели дека има противречности и недоречености во сведоштвата на самите основоположници, но има и недоумици и несогласувања меѓу самите историчари. Академик Блаже Ристовски вели дека овој документ воопшто, статутот на „БМОРК“ не е дело на МРО и не ги одразува идеите на нејзините основачи.


brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • насила наместо на сила.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 22:25, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • насила наместо на сила.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 10:01, 10 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Нелогичен и контроверзен формат на целиот текст[уреди извор]

Сакам да прашам,зошто текстот е катастрофално лошо концепциски уреден,и поради тоа и самиот на себе контрадикторен.Се работи за следново:

1.Зошто во текстот има завршна констатација -„Целото име на уставот гласи: Устав на бугарските македоно-одрински револуционерни комитети“ ,а подоле има цел пасус „Полемики“ во кој пасус се гледа, а и самото негово постоење означува дека материјата е нејасна,не одредена и жива,а не затворена и цврсто докажана,за да некој горе даде таков завршен формат на констатација? Дали уредувачите слушнале некогаш дека не секоја тема и предмет на интерес мора да има завршен формат,туку дека може да стои под заглавја од типот „некои сметаат дека,или се смета дека..., “постојат повеќе тези/тврдења за „“ и тн..што всушност и претставува самиот пасус подоле-Полемики.? Значи,на страна наведените аргументи „ЗА“ или „Против“ во врска со темата,јас тука приговарам на пристапот и наративот на самиов текст,а тој е дека мора да се уреди во свршена форма и констатација,а такво нешто воопшто не мора,ниту пак е единствена пракса,туку напротив,кога има текстови за предмет за кој не постојат докази,туку само индиректни заклучоци и мислења,никој не користи ваков наратив,туку обратно,во самиот глевен текст во заглавјето се наведува дека мислањата се повеќе и се спротивставени,и после природно си следи пасус-Мислења,Полемики и тн. во кои се обработуваат,наведуваат тие повеќе мислења затоа што и самото тоа(дека има повеке мислења,ставови) е енциклопедиска информација за статусот на предметот.А вие тука уште во заглавјете сте ставиле завршен формат,а после ставате пасус-Полемики,тотална нелогично и контрадикторност,и многу лош формат.
2.Во пасусот „Полемики“,сите наведени нешта одат контра ставот за БМОРК од една страна,а од друга страна после нивното наведување,си следи просто завршна реченица,првиот устав гласел-„Устав на бугарските македонско-одрински револуционерни комитети“ ете така,просто само констатација,како да предходно наведените аргументи одат во тој прилог а не обратно.Таму се вели,дека од писмото на Даме се гледа дека уставот постоел 1894-та,а веднаш после тоа се вели дека за БМОРК постојат ставови дека е од 1896-та.Јас колку што разбирам,1894-та е ПРЕД 1896-та..а статијава е за ПРВИОТ устав на ограниазијава така ли ? Исто после се вели дека е нејасно дали уставот претрпувал измени.Тоа е тотално не релевентно,затоа што темата е ПРВИОТ устав..каков бил таков,кој е ПРВИОТ е прашањето и неговото име,а не дали после се менувал или не се менувал.
3.Веднаш после таа фамозна завршна констација,дека првиот устав гласел-БМОРК (а никаде не се наведува доказ од таков формат,за да се направи таква констатација од свршен тип) следи текст кој повторно е контра аргумент за БМОРК,она каде збори за Татарчев,и тоа дека префиксот бугарски е изоставен,и после тоа следува најглупавиот аргумент во целава статија,а тоа е „но од друга страна вели, во организацијата можеле да членуваат бугари, бидејќи основачите потекнувале од бугарската средина“. Драго другарче кое си го пишувало текстов,некој на тебе не ти објаснил дека текстов е за ПРВИОТ УСТАВна конкретната огранизација,таа на Татарчев,Даме,Гоце и тн.,за многу конкретно нешто,конкретно име,конкретен текст, а не за КАРАКТЕРОТ на ограниазацијата,тоа е сосема друга тема,така што овој аргумент е целосно невалиден.Очигледно е и премногу,дека некој тука се обидува да го модификува самиот наслов на уставот одпосле,за да биде во согласност на карактерот на ограниазцијата,за да може преку тоа ,преку самиот устав и неговото име,веднаш во начелото да го пропагира посакуваниот карактер на огранизацијата (бугарски).Жал ми е,но тука НЕ се збори за карактерот на огранизациајта,туку за ИМЕТО на ПРВИОТ устав на огранизацијата,конкретно и формално,а тоа што вие си имате проблем голем што во пропагирањето на бугараскиот катектер на огранизацијата,насловот на истата не ви врши работа (зошто нема никаде ни Б,а не изричито бугарска).си е ваш проблем и не ви дава за право да го менувате,модификувате и сл. насловот за да го усогласите со карактерот на истата.Тој си бил таков каков што бил,и тоа е она кое тука се тражи,а не карактерот на огранизацијата.Тоа,дали биле Бугари,е сосема нерелевантно тука,сите може да биле Бугари,и пак уставот да биде МРО..И денес постои бугарска политичка ограниазција,која се вика ВМРО,и ете никаде не стои никакво Б нит бугарско име во истата,а е бугарска партија.

Во превод,има ли авторов на текстов поима што е тема на обработка на текстов тука или нема,оти од напишаното очигледно е дека нема.Татарчев сметал дека сите се Бугари (друго е прашањето во која смисла)..тоа кај него не се менува со тоа тоа организацијата би носела име МРО,за него тоа би значело македонска револуционерна огранизација..на Бугарите од Македонија..но тука текстов е за ИМЕТО и првиот устав на огранизацијата,конкретно...а не за карактерот на огранизацијата.Очигледно,авторот на текстот имал друга тема во својата глава а тоа е бугарштината vs. македонштината во врска со огранизацијата. Да не збориме за фактот што никаде во текстот не е наведено дека во спомените на Татарчев пишува конкретно кога говори за уставот,дека името на огранизацијата го одредиле да биде-Македонска Револуционерна Огранизација,а комитетот Централен македонски револуционерен комитет-Ц.М.Р.К.,а тоа гледам никој никаде не го ставил,како ни фототипно страничката од мемоарите.


Значи: Каде се аргументите за БМОРК наведени,каде е наведено она пусулче кое сте го залепиле за БМОРК од каде е,чиво е,за да се види дека се работи за ИСТАТА огранизација за која се говори (за таа на Даме,Гоце..),а не за некоја друга ограниазција на пример.Каде е наведено сеќавање или било што кое споменува некаков си БМРОК,и каде се логичните дедуктивни изведенија на временската перспектива за БМОРК (Гоце вика 84-та има устав,овие викаат 86-та бил БМОРК направен..автоматски НЕ е првиот нели,дури и да постоел. Татарчев вика првиот бил МРО,конкретно и прецизно,а од друга страна ни нудите аргумент за тоа каков карактер имала огранизацијата според Татарчев(дека имала бугарски)..нешто кое НЕМА врска со метаријава,која се занимава со првиот устав и конкретното му име и название)..и тн. кои би ни дале ПРАВО да донесеме таква финална констатација во свршена форма дека името било-Устав на бугарските македоно-одрински револуционерни комитети Текстов е катастрофално концепциски уреден,авторот просто си одлучил да даде свој суд кое од двете гледишта он ке си го претвори во вистина финална од свршен тип,и со тоа и ке го преточи во иста таква констатација,и ке замолам да тој кој не се согласува ме негира во моето тврдење,но во врска со тоа кое го кажувам,во врска со форматот и концепцијата на текстот,а не да пробува да ми продаде бугараштина на огранизацијата (оти тоа е целта на многуте бугарски пропагандисти по нашата википедија)..таа еве од напред ако сакате ке ја ставиме под заглавје-неспорна..чисто за да ви ги одземам однапред мотивите за бранење на овој фалсификат текст тука,за името на ограниазацијата,кој има за задача да промовира бугарштина,а не да се занимава реално со вистинското име на огранизацијата,уставот и тн..од една фактографска гледна точка.Текстот е исклучително штур и сиромашен,и воопшто не служи на намената да се разбере проблематиката,ниту ги дава постулатите за постоењето на различни гледишта,а во форматот во кој е поставен (во свршена форма),дури и не информира дека постои разлика во мислења,просто си го валозира како свршен чин едното.Тогаш зошто воопшто се наведуваат во статијата инфрормациите кои го негираат БМОРК,кога истиот е даден како констатација тврда? Напишете како на бугарската википедија,такво било името,и готово..зошто вака нема смисла самиот текст. Никаде не е наведено дека проблемот околу уставот е всушност олицетворение на проблемот околу гледањето на самата организација и нејзниот карактер,каде едните ја гледаат како независна,а другите како под-гран на општата борба на бугарскиот народ и бугарската нац.идеја.Сходно на тие разлики во гледиштата се раѓа и разликата во гледиштето за тоа што е прв устав на ОГРАНИЗАЦИЈАТА (не комитет)..каде бугарската страна секој нормативен акт донесен од истата не го смета за релевантен туку како суб-нормативи,а го смета за релевентен ВК,кој го смета за производ и орган на предходниот БТЦРК,првоначелно именуван како македонски комитет (каде биле Захари Стојанов,Спиро Косов,Петар Зографски и компанија),како огранизација која има за цел присоединување на Румелија и Македонија код бугарското кнежество.Точно и името на ВК,кое е Врховен македонски КОМИТЕТ,на авторот треба да му посочи дека оној документ (изаведен од никаде,и не е приложено од каде е)БМОРК,е огран на ВК..а не на огранизацијата а која говориме,која е јасно од Татарчев и сите други чинители директно посочена како ОРГАНИЗАЦИЈА,а не како комитет...која огранизација како свој највисок огран има Ц.К. веќе. Тој документ НЕ Е документ на огранизацијата директен,никаков устав не е нејзин,ниту пак од било кого од нив е споменат,знаен,ниту пак може да се види било каков документ извршен,било наредба,било преписка кој е под заглавје на таков формат (БМОРК)..буквално е невидлив од материјата,а авторов овде тоа не го валоризира,и просто на некое пусулче хартија си ги напишал тврдо констатациите,а тоа пусулче хартија воопшто не е на организацијата,туку е сметано како такво од бугарската историографија затоа што истата самата огранизација ја смета како дел од една поширока огранизација,и затоа и овој устав,кој е на ВК го смета автоматски и како устав на организацијата,како нејзи закон.Тоа може да го видите прејасно и од спомените на Петров,каде јасно ги опишува односите со ВК,и вели дека им пратиле обемно писмо каде си бил наведен и уставот и наредбите,па дури и закани,и вели дека ВК си се смета просто за газда на македонското прашање,а самите дејци за кои збориме(македонските) воопшто тоа така не го гледале и си имале свое разбирање за организацијата,а не како полтрон и огран на ВК,туку независно.Од иста перпектива е и ова прашање за уставот..со што подржувачите на БМОРК не говорат за директен устав на оваа организација за која збориме,туку за устав од гледна точка нивна на македонското прашање..како еден сегмент од општото бугарско прашање. Исто така наводите кои се посочени кога се збори за БМОРК,се жива катастрофа,ниту еден од посочените наводи не говори за БМОРК,а се наведени во негов контекст,па излегува дека има научни наводи во прилог на БМОРК.Пример,како навод во контекст на БМОРК се дадени спомените на Петров.Па тоа е класична лага и подметнување,оти НИКАДЕ кај петров не се споменува никаков БМОРК,току точно обратно може да се заклучи од тие спомени.Сите други наводи се исти такви,па дури и бетер,како на пример и тој на Бечев и неговата книга,а тој таму јасно кажува дека ВК и ВМРО се 2 огранизации,кои се во конфликт за превласт,а и соработка по нужда..што е контра бугарското гледиште,а и на самиот ВК дека овие дејци во МКД се нивни огранок само. Се на се,статијата е катастрофално лошо обработена,и воопшто не нуди никакви здрави енциклопедиски информации,во здрав енциклопедиски формат.Дури ке ве посочам и на англиската верзија за истото,каде ке прочитате дека :Both sides lack conclusive documentary evidence, as neither of these names appears in the IMRO documents but is known from undated printed or handwritten statutes ..,а вие тука сте го треснале како готова,докажана,свршена констатација-Првото име било БМОРК...е така само на збор и сува констатација. --Кумот (разговор) 11:43, 24 октомври 2015 (CEST)[одговори]

Jingiby, статијава се вика Првиот устав на МРО, не се вика првиот уставе на БМОРК. Така да собери си ја пропагандата и терај си ја на друго место. Благодарам, Forbidden History (разговор) 11:24, 22 јули 2023 (CEST)[одговори]

Ич не сум изнанаден од неговите уредувања за првиот устав на МРО, Џингби ја преведи оваа статија во англиската википедија и намерно ги зацврсти зборовите за својот бенифит, дури го најдов во бугарски форуми каде што барал повеќе про-бугарски информации за првиот устав, [1], [2]. Искрајно сум изнанаден како уште не е блокиран во англиската википедија. Gurther (разговор) 21:37, 26 август 2023 (CEST)[одговори]